Почетна / Серии / Индија се збогува со „Огнови на љубовта“

Индија се збогува со „Огнови на љубовта“

 

Долгогодишата индиска серија „Огнови на љубовта“ која е производ на продукцијата Балаџи Телефилмс после 5 години ќе го доживее своето финале во Индија и тоа на 3. октомври. Официјалната инфрмација вели дека приказната за чиј крај многупати се шпекулираше конечно ќе го доживее својот крај следниот месец оваа година. На програмата на Сител телевизија „Pavitra Rishta“ започна во 22:30 часот за потоа да премине во попладневен термин по 17 часот. Од денеска, серијата се емитува во 13:40 часот, а промена на терминот имаше и “Малечката невеста” која од сега ќе ја гледате веднаш по “Огновите” во 14 часот.

 

 

Серијата “Огнови на љубовта” мина низ многу успеси и падови, но во последен период истата почна да бледее во матичната земја. И покрај сите напори па и етапата после 5 години не успеа да го задржи вниманието кај гледачите и да се зголеми гледаноста. Финалето на приказната е официјално.

 

 

Баже Никлоски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!