По многу ,за јавноста, познати и непознати љубовни врски и раскинувања, пејачката Тамара Тодевска конечно ќе рипне во тавче. Како што пишуваат повеќе портали, запросувањето се случило денеска наутро во ТЦЦ Плаза каде нејзиното момче Александар Димитриевски – Мачка ја побарал за жена. Александар е бивш кошаркар и партнер со Перо Антиќ во ресторанот “Атланта” кој е стациониран на кејот на Вардар во новиот станбен комплекс веднаш зад Националната Арена Филип Втори. Тамара и Александар биле неколку месеци во врска.
Шпекулациите говорат дека Перо Антиќ ќе биде кум на Мачка и Тамара, а шпекулациите говорат и дека вечерва се организира голема журка по повод веридбата на Тамара. Од Белград е дојдена нејзината сестра Тијана, а честитки за новата невеста пристигнуваат и на Фејсбук каде Тамара објави дека се чувствува сакано.
За два месеци Тамара ќе настапи на Скопскиот фестивал и уште еднаш ќе си ја проба среќата за да пее на евровивизската сцена и тоа соло, откако беше неколкупати пратечки вокал и еднаш неуспешно помина со Адријан Гаџа и Врчак.
Дани | ТВ Пакет