Почетна / Сапуници / Серијата “Мирниот сокак” од вечерва на Сител

Серијата “Мирниот сокак” од вечерва на Сител

 

“Мирниот сокак” започнува вечерва на Сител, “Карадај” од сега само за викенд

 

Од вечерва на програмата на Сител телевизија започнува новата турска серија “Мирниот сокак”. Сител телевизија е прва телевизија во регионот која ќе ја емитува оваа серија, а по неа и една босанска телевизија ќе ја прикаже приказната за Билал и Фејза. Вечерва на Сител ќе се емитуваат предпоследната епизода од “Имитација на животот”, по неа првата епизода од новата серија “Мирниот сокак”, а потоа и нова епизода од најгледаната серија во Македонија, “Сила”.

 

 

“Мирниот сокак” е приказна за двајца млади чии различни животи ќе се спојат во еден ист свет во кој и двајцата ќе мора да трпат жртви. Билал е млад дечко кој е израснат во традиционална и многу религиозна фамилија и работи како таксист во сиромашната населба. Неговиот татко е мртов, па грижата за него ја превзел Хасан. Од друга страна, Фејза е убава и разгалена девојка која доаѓа од модерно и богато семејство. Нејзиниот татко е богатиот Неџметин Бег. Билал и Фејза одат на ист универзитет и учат на иста насока, но нивните животи се тотално различни. Другарката на Фејза, Лејла е тајно вљубена во Билал па во една кладба меѓу двете другарки, Фејза вели дека она ќе биде првата што ќе го заведе Билал. Но ништо повеќе нема да биде кажано на шега. Малата игра прераснува во голема љубов меѓу Билал и Фејза, во која и двајцата се менуваат. Билал повеќе не ја гледа Фејза како само богата и разгалена девојка, а таа почнува повеќе да се интересира за реалигијата и традицијата. Таквата промена на Фејза почнува да им пречи на нејзиното семејство и пријатели кои не може да ја прифатат нејзината врска со таков човек. Модерната девојка во име на љубовта ја облекува бурката и застанува на страната на традицијата.

Улоги: Selin Demiratar, Kutsi, Güven Hokna, Sinem Öztürk, Gökhan Mete, Yeşim Salkım, Paşhan Yılmazel, Hakan Eratik, Fatma Karanfil

 

 

Денес и утре се последните епизоди од “Имитација на животот”, па од среда на Сител остануваат само “Мирниот сокак” и “Сила” во вечерните часови. Турската серија “Карадај” од сега ќе се емитува само за викенд во 20 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!