Теленовелата “Ladron de corazones” започнува на Скај Нет телевизија
Од утре, понеделник (6 октомври) на програмата на Скај Нет телевизија покрај “Cuando me enamoro” (Сестри), ќе се најде уште една латиноамериканска теленовела од продукцијата на Телемундо. “Крадец на срца” е aкциона теленовела во која се обработени темите за корупцијата, трговијата со дрога, политиката и забранетата љубов. Во главните улоги настапуваат мексиканската актерка Лорена Рохас и колумбискиот актер Маноло Кардона, кого имавме можност да го гледаме како главна улога и во сериите “Циганки” и “Марина”.
Серијата веќе се емитува во сите градови низ земјава, а гледачите во Скопје ќе имаат можност премиерно да ја видат на Скај Нет телевизија.
Содржина:
Oва е приказна за забранетата љубов на Густаво Веласко и Вероника Вега. Тој е присилен да стане крадец, а таа е полициски офицер на тајна задача. Од малечок на Густаво му зборувале дека неговиот татко бил мафијаш и затоа е мртов, но на смртната постела, чичко му кажува дека убиството на татко му било наместено. Густаво се враќа во родното место за да ја одмазди смртта на татко му и затоа се вклучува во полициската група каде работи Вероника Вега, ќерка на Антонио Вега, вистинскиот убиец на таткото на Густаво. Дон Антонио е моќен и немилосрден човек чија цел е да управува со животите на другите. Од една страна тој е добар татко, почитуван бивш функционер и бизнисмен, а од друга страна суров мафијаш. Вероника живее двоен живот, таа освен работата како полицајка, работи и како танчерка во еден стриптиз бар каде доаѓаат криминалци и нарко дилери.
Судбината ги спојува Вероника и Густаво за да работат заедно и да уништат ланец на трговија кој е непознат за нив, но добро познат за јавноста. Во ова борба тие се обидуваат да постигнат иста цел, но од различна страна на законот.
Улоги: Lorena Rojas, Manolo Cardona, Fabiola Campomanes, Humberto Zurita, Alvaro Guerrero, Marisol del Olmo, Roberto Medina, Marisol Centeno, Marco Antonio Trevino
Дани | ТВ Пакет