Откако се рашири веста дека А1 ќе се врати во форма на интернет телевизија, па порталот “Без Пардон” измисли лаги оти програмата на А1 он ќе ја гледаме преку телевизијата АБ Канал на Бојо Андревски, порталот “Плусинфо” излезе со демант и со вистинска информација.
Имено, Сефер Цаноски денеска за порталот “МКД” ја демантирал објавената вест декa семејството Цаноски планира да влезе во бизнисот со медиуми.
“Ниту јас, ниту мојот татко, ниту мојата сопруга, која му е ќерка на Велија Рамковски, не планираме да влегуваме во бизнис со медиуми. Информацијата е класична дезинформација. Шпекулација е и информацијата дека со Бојо Андрески сме имале каков било договор”, изјавил Сефер Цаноски.
Порталот што шири дезинформации исто така објави дека сопственик на новата А1 он ќе бил сопругот на поранешната новинарка Ленче Николовска, само затоа што на YouTube под името на Тони Николовски е објавено видео со просторот каде што осамна билбордот за новата А1 он.
Chris | ТВ Пакет