Животно осигурување одлична инвестиција за иднината
Животното осигурување станува се почеста тема во семејните кругови. Македонските граѓаните стануваат свесни за вредноста на животот и се почесто се склучуваат договори за полиси за животно осигурување.
Животното осигурување е добар начин за заштеда за иднината, како и обезбедување на финансиска сигурност за своето семејство, во поодминати денови.
Полисите за животно осигурување најчесто ги купуваат граѓани од 20-40 години, кои во последно време се повеќе стануваат свесни за нивната потреба и бенефитите кои ги добиваат од животно осигурување. Од друга страна сеуште постои проблемот на неинформираност, каде голем број на граѓани можеби и би се одлучиле да купат ваков продукт, но поради недостиг на информации или несoодоветна презентација и едукација тие се одлучуваат своите средства да ги инвестираат на друг начин.
„Во последната година растечки е трендот младите лица кои се од неодамна во работен однос да купуваат полиси е за животно осигурување. Според нив, ова е одличен начин да се чувствуваат посигурни за својата иднина со цел да си обезбедат финансиска сигурност и стабилност во иднина. Европскиот тренд за поседување животно осигурување полека навлегува и на нашиот пазар, каде се повеќе и повеќе лица и семејства животно се осигуруваат. Она што е многу важно е да постои едуциран и способен тим кој ќе знае како да го презентира овој специфицен продукт, и токму поради тоа ние во Винер Лајф вложуваме многу во нашите вработени, во нивна едукација и развој“, изјави Марина Макенаџиева, менаџер за продажба на Винер Лајф осигурување.
Младите семејства исто така се чести купувачи на полисите за животно осигурување – и семејното осигурување забележува пораст. Со месечна минимална годишна заштеда на долг рок тие обезбедуваат сигурна иднина за своите деца, можност за подобро школување, едукација во странство или друг вид на инвестициска компонента.
Општиот впечаток е дека позитивното гледање на животното осигурување и кога не е поврзано со некоја лоша асоцијација или искуство од непосредна близина, е чекор што треба да го направат македонските граѓани. Сите знаеме личност која тврди дека не може да си дозволи некои основни работи, додека постојано одвојува финансии за дополнителни задоволства – одолговлекување на посета на Животното осигурување станува се почеста тема во семејните кругови. Македонските граѓаните стануваат свесни за вредноста на животот и се почесто се склучуваат договори за полиси за животно осигурување.
Животното осигурување е добар начин за заштеда за иднината, како и обезбедување на финансиска сигурност за своето семејство, во поодминати денови.
Полисите за животно осигурување најчесто ги купуваат граѓани од 20-40 години, кои во последно време се повеќе стануваат свесни за нивната потреба и бенефитите кои ги добиваат од животно осигурување. Од друга страна сеуште постои проблемот на неинформираност, каде голем број на граѓани можеби и би се одлучиле да купат ваков продукт, но поради недостиг на информации или несoодоветна презентација и едукација тие се одлучуваат своите средства да ги инвестираат на друг начин.
„Во последната година растечки е трендот младите лица кои се од неодамна во работен однос да купуваат полиси е за животно осигурување. Според нив, ова е одличен начин да се чувствуваат посигурни за својата иднина со цел да си обезбедат финансиска сигурност и стабилност во иднина. Европскиот тренд за поседување животно осигурување полека навлегува и на нашиот пазар, каде се повеќе и повеќе лица и семејства животно се осигуруваат. Она што е многу важно е да постои едуциран и способен тим кој ќе знае како да го презентира овој специфицен продукт, и токму поради тоа ние во Винер Лајф вложуваме многу во нашите вработени, во нивна едукација и развој“, изјави Марина Макенаџиева, менаџер за продажба на Винер Лајф осигурување.
Младите семејства исто така се чести купувачи на полисите за животно осигурување – и семејното осигурување забележува пораст. Со месечна минимална годишна заштеда на долг рок тие обезбедуваат сигурна иднина за своите деца, можност за подобро школување, едукација во странство или друг вид на инвестициска компонента.
Општиот впечаток е дека позитивното гледање на животното осигурување и кога не е поврзано со некоја лоша асоцијација или искуство од непосредна близина, е чекор што треба да го направат македонските граѓани. Сите знаеме личност која тврди дека не може да си дозволи некои основни работи, додека постојано одвојува финансии за дополнителни задоволства – одолговлекување на посета на стоматолог, под изговор дека се скапи услугите, додека неколку пати во неделата си дозволува фризерски или козметички услуги кои не се неопходни во толку голем број, или пак личност која тврди дека нема доволно финансии да купи полиса за животно осигурување на своето семејство, меѓутоа секој месец одвојува големи суми за исплата на луксузен автомобил.
„Винер Лајф нуди голем избор на различни пакети, сите тие пакети имаат и различна цена што овозможува можност за секој граѓанин кој сака да купи полиса, да може да си ја дозволи. Понекогаш е потребно да се откажеме од мали задоволства, за да можеме да ја планираме иднината и да ги обезбедиме нашите најблиски. Со месечна заштеда од само 1300 денари или дневно 43 денари секој може да има животна полиса од нашата компанија и со тоа да биде дел од најголемата австриска групација Виена Иншуренс Груп, што подразбира сигурност и безбедност на своите вложувања – вели Макенаџиева.
Сепак и покрај забележаниот напредок во свеста и перцепцијата кон вредноста на животот, се уште е потребна доза на едукација посебно за механизмите на дополнително штедење и стекнување на навики на штедење и размислување за иднината. Никогаш не можеме да бидеме сигурни што ќе се случи утре. Многумина од нас сакаат да веруваат дека во иднина се ќе биде во ред, но сепак иднината е неизвесна и не знаеме што не очекува. Размислувањето однапред за нашата иднина и на долг рок секогаш е исплатлива опција. На тој начин се заштитуваме себеси и нашите најблиски од непредвидливи ситуации и им овозможуваме поздрав и поквалитетен живот. Со многу малку, реално може да си помогнеме многу – треба само да започнеме да промениме некои навики и перцепции и да започнеме да размислуваме за нашата иднина, а не само за моментот и за перцепцијата која ја оставаме пред другите.