Започна и втората сезона од најпоуларното шоу во регионот „Твоето лице звучи познато“, а во него и Елена Ристеска.
Нашиот претставник во шоуто ги запали земјите од поранешна Југославија со имитацијата на Северина. Елена Ристеска е дел од 10-те учесници кои во следните месеци ќе не забавуваат со имитациите на големите ѕвезди. Гледачите на ова шоу активно коментираа за време на настапот на Елена и можеа да се прочитаат само воодушевувања.
Новата сезона на ова шоу во Србија беше најавена со билборд кој го красеше ликот на Елена Ристеска, таа несомнено е една од најтрактивните учеснички во новата сезона.
Победник на вечерта беше Неда Украден со имитација на Бијонсе, а победата ја однесе очигледно поради годините и почитта што ја има од колегите, а не поради успешната имитација. Елена Ристеска следната недела во 21:15 на Сител телевизија ќе ја гледаме како Бритни Спирс.
Ова регионално шоу секако не можеше да помине и без водителката Снеже Велков. Твитерџиите исто така имаа голем удел со своите коментари па еве дел од нивните шеги кои осамнаа на социјалната мрежа.
#тлзп #tlzp