Втората сезона на регионалната шоу програмата „Твоето лице звучи познато“ почна со емитување вчера во Србија, а премиерата на хрватската верзија на оваа емисија беше минатата недела.
И додека Неда Украден ја однесе победата со својата имитација на Бијонсе во синоќешната епизода, истото се случи и во Хрватска. Радискиот и ТВ водител Марио Петрековиќ имаше задача да ја отпее хит песната „Single Ladies “, а вели дека најголем проблем му било трикото кадешто морал да го сокрие меѓуножјето. Оваа имитација му донесе и победа, а освоените пари ќе ги подари во здружението за незгрижени деца.