Националниот сојуз на слепите на Република Македонија(НССРМ) e формиран уште далечната 1946 година и повеќе од 68 години делува како национална инвалидска организација, хуманитарна, невладина, непартиска,непрофитна организација од посебно општествено значење.
Нејзина основна мисија е подобри услови за живот и работа на слепите лица, како и нивна социјализација и интеграција во општествената заедница. Во НССРМ-чадор организација-преку своите здруженија на слепи од целата територија на РМ членуваат повеќе од 2500 членови слепи лица. По тој повод во име на Меѓународниот ден на Белиот стап 15 Октомври Националниот сојуз на слепите на Република Македонија има задоволство да Ви упати:
Во текот на целиот ден слепите ќе даруваат крв на крводарителската акција под наслов “СЛЕПИТЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА” по повод 15 октомври Светски ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек во Центарот за дарување на крв во Домот на Хуманитарните организации Даре Џамбаз во Скопје на адреса ул.11.Октомври бр.42 А Скопје.(Акција од затворен тип само за слепите и слабовидни лица)
(Плоштад Македонија пред фонтана Александар Македонски ) слепи и слабовидни лица облечени во маички со назив “не замижувај” како и платнени наочари со назив “не замижувај” со дефиле до ДХО Даре Џамбаз во Скопје.
Изложба на тифло-технички помагала, ракотворби на слепите жени изработени на Семинарот за жени “АКТИВ НА СЛЕПАТА ЖЕНА И НЕЈЗИНИ РАКОТВОРБИ” одржан во Струга ВО ПЕРИОДОТ ОД 27-29.06.2014 година и кулинарските способности на вештата жена.На самиот настан ќе имате можност да се види креативна работилница на плетење, браево креативно пишување, изработка на накит и сл.(ДХО Даре Џамбаз во Скопје на ул.11 Октомври бр 42 А Скопје во холот)
Во рамките на креативната работилница како и на сите активности учество ќе земат и децата од Државното училиште за деца и малдинци со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје.
Обраќање имаат Претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, г-дин Селковски Жарко, Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, г-дин Диме Спасов и Ксенија Николова, првиот автор на аудио книга “ИДИОТСКИ ПРИКАЗНИ”
Во рамките на одбележувањето на 15 Октомври ќе се одржи и Државното првенство во ГОЛ-БАЛ за слепи и слабовидни на Македонија за 2014 година во Крива Паланка од 16-19.10.2014 година во новата спортска сала.
Затоа што Хуманоста не е доблест-туку обврска.И затоа што Ние сме тука меѓу вас.И затоа што НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС.