Е баш ми е драго вака кога извираат скандали поврзани со телевизиските личности во Македонија па со ќеиф да седнам и да пренесам една ваква вест јас лично. Имено, почетокот на се популарното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ не само што ги разбуди македонските медиуми и им донесе тони материјал за пишување, тоа ги поттикна некои наши јавни личности да ја извадат валканата облека од плакарот, да го кажат она што одамна сакаа – ама го чекаа совршениот момент и да го означат стартот на новиот #бичфајт.
Со добро наполнето оружје прва почна да пука водителката на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Миа Костова, таа секако е само пиун во оваа игра, но тоа е друга тема. Во јавноста излезе клипче под името ‘Миа ја распердаши Снеже’ на кое потоа му обрнаа внимание повеќе електронски медиуми. И што да видиш Костова навистина ја распердаши Велков при одјавата на една од нивните емисии емитувани на Македонската телевизија. Видеото е во прилог.
Поранешната колешка на Бекстејџ тимот не можеше да не му даде значење на овој момент па распали на Фејсбук. Еден текст за кој ти требаат десетина минути да го прочиташ, да беше ова изјава на телевизија Снеже Велков сигурно ќе влезеше и во терминот на следната програма. Но како и да е доста интересно за читање, со неспорни факти и без упатени навреди кон никого, богами ќе да се наоружала повеќе од нив. Во прилог е текстот кој таа го објави на својот Фејсбук профил.
Драги и почитувани колеги од Бекстејџ!
Со вас поминав заедно 4 убави години.Имавме недоразбирања како и во секој работен колектив.Но работевме убаво квалитетно и тимски.И да, најбитно ни беше да имаме добра ексклузивна и скандалозна вест.А и да ја немаше знаевме да ја направиме.Ние тимот на Бекстејџ.Застанувавме еден зад друг уредникот зад сите нас.Кога решив да се разделиме дојдов и ги кажав моите причини.и си заминав.Без помпа и галама по медиуми без разлагања зошто како дали и што.Бев уредник водител новинар.И тоа добар.Ако бев лоша и не ви одговарав а знаејќи го карактерот на главниот и одговорен уредник ќе ме сменеше веднаш.Зошто секој е заменлив и секој е надоместлив.Секогаш со добри сеќавања зборувам за вас.Да! сакале вие или не нема да кажам ништо лошо за вас. Сме останувале до доцна од ништо сме правеле скандал од игла слон Ама сме можеле.Со се целосната поддршка од тој што беше главен.. Сме славеле родендени заедно,сме се смееле безброј пати заедно…
Маца ми била пример секогаш за работник парекселанс(чинам така се пишува).Габе срце од човек.Јуле страшно добар пишувач.Миа…Го паметсм муабетот на уредникот дека доаѓа во Бекстејџ.Со радост го прифатив и реков.Миа е професионалец.И верувам во тоа.Токму за тоа колку и да изгледа дека Миа сама се дрзнала да ме научи нешто не верувам. Миа си ја работи својата работа макар нека испадне и дека грешам без амин од уредникот ништо не проаѓа таму.Знам. работев на истотот место. Кога одбрав да си одам тоа беше од лични причини. Тоа е нема да има напредок таму.Најгледан естраден магазин.Уредничко место.и што понатаму? Нема погоре од врвот само може да се оди надолу…Логично.Едноставно е, тоа се случува со секоја емисија со секој проект…никој не е вечен….Ми требаше промена и напредок.Одбрав да заминам. Ми требаше нешто поинакво друг предизвик повторно пат кон врвот.
Заминав со убави спомен.Вадење на валканите алишта не е мој стил.
За жал сите обиди за враќање на рејтингот и гледаноста од ваша страна се покажува дека се неуспешни.Знам дека од рејтинг со вредност 17 да се падне на рејтинг 0.5.Е ноќна мора.Знам колеги.Оти работев на Бекстејџ и тогаш кога емисијата ни одеше во 23h.и да, немавме рејтинг.Ама седев до 24 седев и до 2 сабајле да направиме емисија добра гледана емисија најдобра…и тогаш кога тоа изгледаше залудно…. Веќе 2 години не сме заедно.Вие си го терате својот филм.Истиот.Јас во меѓувреме тргнав по друг трнлив пат.Сосема поинаков.Сега сама.Без тим позади себе.А ми фалеше… И правев почетнички грешки,и паѓав и пак се кревав.И плачев и се смеев и ме болеа коментарите и ме болеа подбивањата ама издржав.Стоечки.Истеравме одличен проект.Совршен.За овие простори.Мојата работа не беше само појавувањето на екран беше и се останато околу организација и промоција.Телевизијата ми ја даде поддршката тим од луѓе застана зад мене.И да успеавме да направиме најгледано музичко реално шоу на нашиве простори.Со македонски победник.Додека вие ми ги ловевте грешките и лошиот ми српски.Лошата фризура и глупите реченици.Ние со тимот се фокусиравме на големата слика одлична промоција на музичкото шоу и благодарение пред се на квалитетниот изведувач но и нашата целосна поддршка околу проектот за прв пат добивме македонец победник на музичко шоу.
И сега драги мои бекстејџовци на повидок е шоу кое ветува дека ќе биде најгледано и по некоја случајност јас пак сум таму Може не ми е таму местото може не ме бива ама не, вие не одлучувате за тоа.Некој решил дека треба да сум таму. Има подобри има и поубави и попаметни и поискусни и поинтелигентни и позабавни и пошарматни и позгодни.Ама ете мене ми се насмеала среќата. И бога ми го прифатив предизвикот.И ризикот.И пази направив грешка.Јазична.Лапсус.И тоа било за распнување.СелЕн наместо СелИн.За ова другово тврдам дека не е така ама и да е. Тргнувате со идејата дај да ја опаметиме да и кажеме колку не ја бива.Заборавајќи дека јас тоа ви го правев вам.Ама онака уреднички дискретно и добронамерно затоа што мојот тим сакав да биде најдобар и се уште сакам да биде.Сакам да покажам со прст на успешен тим од кој сум била дел.Не не сакам да зборувам за тим кој пропаѓа.И кој се труди по секоја цена да си го крене рејтингот.Па да плука по тие со кои заеднички чекорел кон врвот. Ме бивало за кај вас а не ме бива за кај другите.Па јас сум истата.Па зар за една година до толку сум оглупела и станала неинтелигентна?!
Вие сте на истото ниво што се однесува до стил на работа начин и израз. Тоа истото го работев и јас.Сега јас сум некаде на друго место.Поинакво и попредизвикувачко.
Разликата е во единиците на рејтинг.Факт на кој ќе се потпрам со бројки како единствен релевантен доказ. Дали некому му се допаѓам или не тоа е работа на вкус.Дали речениците ги склопувам простопроширено или сложено и тоа е работа на вкус. Дали сум духовита или не и тоа е работа на вкус. Бројките велат дека вие сте некаде при дното а проектите на кој сум јас тргнувајки од утринската па се до Х фактор се од средина па до врвот …што укажува само на едно.Очајно се борите да го вратите своето место под сонцето.Своето место на врвот.Па за да привлечете публика се фаќате за најуспешните проекти. Да не заборавиме го знам стилот на работа бев таму.А и сами знаете со ова не ја девалвирате мојата водителска работа се девалвирате себе си.Рејтинг се гради поинаку.Знае вашиот уредник како.Оти успеал и поинаку и подобро.
И не, нема да ви се налутам. Тоа е дел од мојата и од вашата работа.И ловете ми грешки и пишувајте за мене за проектите на кои сум јас.И пратете фактура на адреса на мојата телевизија.Сакаме да ја платиме секоја реклама.
П.С
И да продолжите и понатаму да ме навредувате и да ме дискредитирате мене и мојата работа.Нема да можете да ми ги уништите убавите спомени од Бекстејџ. Ама тој тогашниот Бекстејџ- од врвот!
Ќе има ли продолжение?
Крис Манев | ТВ Пакет