Тага и само тага чувствуваме кога ќе погледнеме кон спомените од тој кобен ден, оние спомени кои секогаш ќе останат во нас, а ние секогаш ќе се обидуваме да ги покриеме затоа што не сме доволно моќни да ја издржиме болката.
Пред 7 години на овој ден го изгубивме нашиот најталентиран пејач Тоше Проески во сообраќајна несреќа, останавме сиромашни бидејќи како човек вредеше повеќе од сите нас. И сега после 7 години сите ја чувствуваме истата болка, како да беше вчера кога не известија дека Тоше Проески повеќе не е со нас. Нека почива во мир и нека му е вечна слава!