Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 15

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 15

 

Ектор не можеше да заспие таа ноќ. Од една страна Вадо беше во право, тој беше човекот кој му имаше дадено се во животот и го имаше одгледано како татко кој никогаш го немал. Од друга страна како да дозволи неговиот брат да биде лажно обвинет? Посегна по чашката со коњак, кога во дневната просторија влезе Ребека.

–          Претпоставувам ја чекате вашата ќерка, доња Ребека, – претпостави Ектор, гледајки во загрижената мајка која не ја фаќаше сон.

–          Знаеш ли каде е Дамијана, Ектор? Каде е? За што ја користиш?

–          Зарем толку лошо мислење имате за мене, госпоѓо? Зошто ме гледате како непријател уште од првиот ден кога зачекорив во оваа куќа?

–          Бидејки знам дека не ја сакаш мојата ќерка и дека само ја користиш за своите цели. Ја вовллече во своите игри само затоа што е внука на Вадо.

–          Госпоѓо Ребека, не знам како не сфаќате, но мене не ми треба Дамијана за да му се доближам на дон Вадо. Напротив, дон Вадо бараше од мене да се држам настрана од вашата ќерка. Дон Вадо нема доверба во Дамијана.

–          Тогаш остави ја! Не си играј повеќе со неа! Тргни ја од својот живот, Ектор.

–          Дамијана го направи токму она што вие сега го барате од мене. Гледате дека не сме заедно.

–          Со кого е мојата ќерка, Ектор?

–          Тоа не би знааел да ви го кажам. Ќе морате да ја прашате неа. Добра ноќ.

 

Таа вечер, Дамијана ја помина со Антолин. Прво беа на романтична вечера вон градот, а потоа изнајмија скап луксузен апартман во еден хотел. Антолин кој потајно беше вљубен со години во девојката, конечно успеа да ја придобие. Дамијана беше преубава со подигната коса која ги откриваше нејзините раменици. Антолин се имаше погрижено атмосферата да биде на ниво на најубавата девојка во градот. Креветот беше послан со свилени чаршафи и латици од црвени рози а на наткасната стоеше шише шампањ и јагоди.

Ја држеше долго во прегратка сакајки да се увери дека навистина го живее моментот кој толку го чекаше. Нејзината тесна тоалета ги истакнуваше сите нејзини атрибути, правејки неговото срце да бие посилно.

–          Полека, Антолин, не брзаме никаде, – го смируваше Дамијана. – Не ми кажа што точно пишува во извештајот.

–          Не се сомневај во мене. Знаеш дека секогаш ќе бидам на твоја страна. Заедно сме во ова. Ајде вечерва да заборавиме се и да се посветиме еден на друг, Дамијана. Вечерва изгледаш преубаво…

–          Не, Антолин, – девојката го отурна со раката. – Постојано мислам на реакцијата на вујко. Каква ќе биде…кажи ми што точно пишува во извештајот?

–          Ако ти кажам што пишува во извештајот можам да бидам мртов човек.

–          Отсекогаш знаев дека вујко крие нешто, – додаде Дамијана. – Вадо Фалкон е ѓавол. Кажи ми што знаеш за него, Антолин.

–          Не се договоривме дека вечерва ќе зборуваме за Вадо Фалкон, Дамијана, – Антолин стануваше нервозен. – Ми вети долга ноќ исполнета со страсти. Се заколна дека ќе бидеш моја.

И пријде близу и и ја извади шнолата од косата. Нејзината густа коса лизна преку нејзините раменици и уште повеќе го истекна белиот тен и зелените очи.  Антолин беше сигурен дека таа е најубавата жена која ја познава. Ја опсипа со врели бакнежи по целото тело.

–          Те љубам, Дамијана, – прошепоте во екстаза.

–          Не!, – извика таа одбивајки го од себе.

–          Што е сега?

–          Извини, Антолин. Мислев дека ќе можам, но не…

–          Но, ми вети. Бев спремен да уништам човечки живот за да бидеш моја, кралице, – ја потсети. – Цената која треба да ја платиш за она што го сторив си ти.

–          Не, Антолин, не можам…

Разочаран, Антолин се отргна од Дамијана. Уште еднаш се почувствува прелажано од нејзина страна. Се запраша дали е вредна за проневерата која ја направи во компанијата.

 

Доцна во ноќта, Јулиса и Тристан уживаа во своите милувања под верандата на пансионот. Веќе беше доцна, а рано наутро и двајцата беа прва смена.

–          Време е да си одиш, Тристан, – го замоли Јулиса иако ни самата не сакаше да се одвови од неговите милувања. – Доцна е…Ќе се видиме утре. Ќе одиме заедно на работа.

–          Кажи ми дека ме љубиш.

–          Те љубам повеќе од се.

–          Толку сум среќен. Те љубам, Јулиса.

–          Јулиса, ќерко!,- се слушна гласот на Макарија во мракот.

–          Доаѓам, мамо. Оди си, Тристан, – го замоли нудејки му го својот бакнеж за поздрав.

Кога Тристан замина, Јулиса влзе во куќата. Во мракот ја чекаше Макарија. Чуден немир ја обземаше повторно.

–          Станува сериозно меѓу тебе и Тристан, – забележа Макарија, почнувајки да ја милува долгата црна коса на својата ќерка.

–           Го љубам, мајко. Го љубам како што мислев дека нема да можам да љубам. Но од друга страна морам да го исполнам ветувањето кое му го дадов на мојот дедо.

–          Немој да дозволиш жедта за одмазда да ти се испречи на патот на љубовта, Јулиса. Еднаш јас верував дека љубовта може да чека кога животот мина покрај мене. Судбината ми го зеде Малечор…

–          Мелчор замина по вина на Вадо Фалкон. Затоа и ќе мора да плати тој човек.

–          Јулиса те молам немој да го збунуваш своето срце, мила. Тристан е пратен од небото и искористи ја шансата да бидеш среќна. Не ја тргај љубовта на страна, бидејки ќе дојде ден кога нема да можеш да ја  повратиш.

 

Кога Дамијана се врати дома, легна на својот кревет размислувајки за ноќта која ја имаше. Не можеше да му се предаде со тело на Антолин. Беше згоден и сигурно ќе направеше се да се чувствува како вистинска жена, но нејзините мисли беа кај друг маж. Не можеше да престане да мисли на Тристан Фуего од денот кога прв пат го сретна.

 

Кога стана следното утро Дон Вадо размислуваше за својот живот. За животот поминат без љубов и непрестаната борба да има што повеќе пари за да стане крал на златото. Единствената жена која можеби вистински го сакала и го уништи животот. Додека вовлекуваше нов дим од кубанската пура, во работната просторија на вилата влезе неговата сестра Ребека со неговиот појадок во раце.

–          Ти донесов овесна каша и цеден сок од портокал, Вадо. Остави ги цигарите и алкохолот, барем од наутро…

–          Што ти е тебе грижа?

–          Се плашм дека можеш да…

–          Умрам? Ако умрам, сигурн мислиш дека сето ова што го поседувам ќе биде твое и на твојата лакоумна ќерка. Можеби ќе го вратиш оној ништожник кој ти ја зеде честа и те остави бремена.

–          Со Тулио не сум се видела откако го истера од оваа куќа , – се бранеше Ребека.

Името на тој човек го разбесна дон Вадо. Со неколку чекори се приближи до својата сестра и силно ја зграпчи за нејзините раменици.

–          Те молам пушти ме, – го молеше Ребека. – Ме боли.

–          Тоа и сакам! Да се виткаш од бол!,  – искри на бес излегуваа од очите на дон Пио. – Ја уби мојата мајка…Не само што ја уби неа, туку го уби и мојот татко кога дозна дека си курва! На крајот и мене ми го уништи животот. Изгуби се од мојот живот, – процеди низ заби и ја пушти од своите раце.

Низ солзи, Ребека истрча од собата. Многу пати сакаше да му го загорчи животот на тој човек, но сега беше и повеќе од сигурна дека мора да направи нешто.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!