Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 17

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 17


 

 

      За што се работи дон Вадо?, – го праша Антолин кога Вадо влезе во канцеларијата. Антолин уште од пред еден час имаше добиено налог да се најде во неговата канцеларија на разговор.

–          Избрзавме.  Мојот углед вреди многу повеќе од стапицата која му ја поставивме на тој работник. Тристан Фуего може да прозбори ако го ставиме во затвор. Затоа одлучив, го сакам Тристан Фуего мртов! Ти ќе се погрижиш за тоа!

Антолин беше затекнат од она што го слушна. Беше подготевен да игра валкано не но и да убие човек. Немаше доволно храброст ниту ладнокрвност за нешто такво.

 

Во меѓвреме, полициското возило запре пред рудникот за злато. Тројца полицајци од кои едниот надлежен, влегоа во бараката каде што Тристан ја спремаше папирологијата.

–          Тристан Фуего?

–          Да?

–          Господине Фуего, уапсен сте во име на законот на Табаско. Имате право на молчење…

 

Дон Вадо го затвори шишето со коњак откако наполни две чаши со мраз и едната му ја подаде на својот верен соработник Антолин Варгас.

–          Во овој момент, Тристан Фуего треба да е веќе приведен. Но не знам колку беше паметна таа одлука.

–          Во затвор има многу доброволци кои би ставиле крај на Тристан Фуего, – инсистираше Антолин да ја разбие идејата на дон Вадо тој да го убие.

–          Сакаш да кажеш дека ја одбиваш мојата наредба?

–          Не, но…Се работи за нешто што не сум го сторил до сега, дон Вадо. Се работи за човечки живот…

–          Или животот на Тристан Фуего или твојот, Антолин. Изборот е твој. Да живееме,- ладнокрвно ја подигна чашата со коњак и се напи за тоа.

–          Тогаш, – препотено додаде Антолин, подигнувајки ја својата чаша. – Вие одлучивте во мое име, дон Вадо. Тристан Фуего е мртов човек.

 

Во канцеларијата на Дамијана повторно заѕвоне телефонот. Беше нејзината загрижена мајка. Дамијана не можеше да зборува бидејки секретарката Трансито ја извести дека Антолин Варгас е на состанок со нејзиниот вујко. Ребека забележа вознемиреност во гласот на својата ќерка.

–          Дамијана, што се случува таму?

–          Ништо, мамо. Вујко во моментов има состанок со Антолин Варгас и сум малку вознемирена.

–          Дамијана, мораш да ми објасниш што се случува меѓу тебе  и тоа момче? Се грижам за тебе, ќерко. Сношти се врати доцна. Чувствам дека нешто не е во ред.

–          Ќе зборуваме кога ќе дојдам дома, – рече Дамијана и ја прекина конекцијата.

Во тој миг слушна хелихоптер како се спушта на кровот од зградата. Тоа можеше да биде само Ектор Фалкон, а Дамијана се што сакаше во тој момент е да го избегне него и неговите прашања. Ја зеде торбата, но на крајот од холот се сретна со него.

–          Тебе те барав, Дамијана.

–          Не можам сега да зборувам, Ектор. Морам да одам.

–          Трансито, остави не сами, – и нареди на секретарката, одлучен да зборва со Дамијана.

–          Поштеди ме од сцени Ектор.

Ектор ја зеде за рака и ја внесе во својата канцеларија. Ја затвори стаклената врата зад себе и значајно ја погледна.

–          Значи ноќта ја помина со Антолин Варгас. Го продаде своето тело за да сместиш невин човек во затвор.

–          Ектор, остави ме сама…

–          Не така брзо, Дамијана. Имаш сметки да ми приложиш.

–          Ти си за се виновен. Да не го бранеше тој беден рудар, вујко никогаш немаше да се посоменва во мене.

–          Не, не, Дамијана, не ја префлај вината на мене, бидејки јас бев оној коој што те штитеше од твојот вујко цело време. Да не бев јас, сега не само што немаше да бидеш во оваа фирма, туку и ќе беше на улица!

–          Лажеш, Ектор!, – му одговори бесно.- Антолин Варгас ја прелажа истрагата за да ме заштити мене. Атолин направи нешто што ти никогаш не би го направил за мене!

–          Во замена за што? Што му даде на Антолин за да ја прелаже истрагата? Верував дека ме љубиш само мене и верував дека нашата врска еден ден ќе прерасне во нешто повеќе…

–          Не сакам да те загубам Ектор…

–          Веќе ме загуби. Ако сакаш повторно да ти вервам, сакам да ми го предадеш извештајот на Антолин.

–          Само тоа сакаш. Да извлечеш корисни информации од мене…

Нивниот разговор беше прекинат кога Антолин ненајавено влезе во канцеларијата. Бидејки го имаше чуено последниот дел од расправијата, Антолин си даде дозвола да се замеша.

–          Истрагата повеќе не е во мој раце, Ектор. Тристан Фуего е уапсен.

Дамијана конечно воздивна. На крајот, Антолин сепак не ја изневерил.

Од друга страна пак, чувство на бес и немоќ го мачеше Ектор. Мораше да превземе нешто за да го обели образот на својот брат. Мораше да стори нешто за да го извлече од затвор.

–          Сепак истеравте до крај?!, – бесно погледна во двајцата. – Наместивте невин човек, вон тоа и добар пријател на покојниот Мелчор?! Го обвинивте за експлозијата во топилницата и убиството на неговиот пријател?! Веднаш ќе одам во станицата да го решам сллучајот!

–          Дали си полудел?, – збунето го праша Дамијана. – Што ти е, Ектор? Некој би рекол дека рударот ти значи пвоеќе од мене?!

–          Нема да дозволам Тристан Фуего да плаќа за нешто што не сторил!

–          И што ќе направиш за да го извадиш од таму? Ќе кажеш дека ти си виновен за експлозијата или целата вина ќе ја ставиш на мој грб?,  – бесно го праша Дамијана. – Кој е тој рудар што толку многу ти значи?

–          Тој човек е невин, Дамијана!

–          А јас сум твоја девојка! Избери на чија страна ќе стоиш, Ектор! На моја или негова!

 

Во меѓувреме, Тристан веќе беше изваден пред истражниот судија со обид да ја докаже својата невиност во случајот експлозијата во топлиницата и смртта на Мелчор Рентеира. Во текот на целиот процес, Јулиса беше покрај него.  Девојката го напушти работното место во рудникот веднаш откако се расчу дека Тристан е уапсен.

–          Мојот однос и свесноста кон работата никогаш не биле под должноста која ја имав, – Тристан му објасни на истражниот судија во полициската станица во Малиналко. – Тој ден се обидов да го тргнам Мелчор од печката за да ја избегне несреќата. Неколку дена претходно направив извештај до управата дека печката е во квар. За чудо, тие извештаи исчезнаа веднаш по несреќата.

–          До кого ги пративте тие извештаи, господине Фуего?, – мирно го праша истражниот судија, Франклин Оливеира.

–          Извештаите ги испратив до служебеникот, Антолин Варгас.

–          Се плашам дека Антолин Варгас не може многу да ви помогне во случајот бидејки господин Варгас го донесе приговорот за ваше апсење, – изморено зкалучи судијата. – додека не се соберат докази, ќе бидете префрлени во притвор, господине Фуего.

 

За кратко, Тристан се најде во својата нова келија. Беше мирен во текот на целиот процес бидејки слепо веруваше дека ќе се докаже неговата невиност.  Се прашуваше дали некој ја известил неговата мајка Саграрио за апсењето и каква врска има неговиот брат Сантијаго со истото? Не беше возможно да сторил нешто против својата крв, да заборавил на нивното детство, на напорите на нивната мајка да им приушти се што им беше потребно.

–          Тристан Фуего, – некој го довикна по име. – Имате посета. Една дама од управата сака да ве види. Имате пет минути на разговор со затвореникот, – и објасни на гостинката.

Пред келијата на Тристан се појави Дамијана Фуентес. Беше шокирана што го гледа пред себе она згодно момче.

–          Ти? Ти си Тристан Фуего? Не е можно…зошто не ми кажа дека си ти?

Дамијана го знаеше само Тристан на име. Но никогаш не претпоставуваше дека тоа  истиот згоден и млад маж кој го запозна неодамна.

–          Да, јас сум човекот кој ве пренесе оној ден кога брзавте…

–          Но, да знаев дека тоа си ти, немаше…О Боже.

–          Сеуште не е доцна да ми помогнете госпоѓице. Зборувајте со Ектор Фуего, тој знае кој стои зад сето ова, тој знае кој е виновникот за експлозијата…

 

Откако го заврши краткиот разговор со Тристан, Дамијана повеќе не беше сигурна дека сака да потпише изјава против него.

–          Доколку не потпишете, нема да можеме да го префрлиме во главниот затвор ниту ќе можеме да го извадиме пред суд, – ја предупреди истражниот судија.

–          Што чекаш, Дамијана?, – збунето ја праша Антолин кој стоеше крај неа. – Потпиши!

–          Не, не можам да потпишам, Антолин. Нема да можам да живеам со таа вина.

–          Што зборуваш?

–          Не сум сигрна дека Тристан Фуего е вистинскиот виновник.

Антолин беше збунет. Се прашуваше што се сменило во тие пет минути откако Дамијана го посети рударот во келијата.?!

 

Веста за апсењето на Тристан се прошири на брзина низ малиот град. Малиот Хосе Фрихол ја извести Саграрио за апсењето на нејзиниот син. Избезумена, Саграрио веднаш го побара Роки, пријателот и колегата на Тристан.

–          Не сакам да ве плашам, доња Саграрио, но целиот одбор е против Трисатн, на чело со новодојдениот директор, Ектор Фалкон. Токму тој човек го обвини Тристан за смртта на Малечор иако пред негови очи Тристан изрипа во печката да го спаси старецот, нека му е лесна земја. А за да иронијата биде поголема, и директорот е загреан за Јулиса.

 

Откако нејзиниот сакан Тристан беше префрлен во притвор, Јулиса беше подготвена да стори се за да го извлече од келија. Се појави во канцеларијата на Ектор, кој што разговараше со Дамијана во тоа време.

–          Инжењеру Фалкон, извинете што вака упаѓам, но морам да зборувам со вас. Се работи за Тристан Фуего.

–          Остави не насамо, Дамијана, – ја замоли Ектор.

–          Сакаш да бидеш на само со оваа, – иронично му префрли Дамијана. – Што си подготвена да дадеш, драга?

–          Дамијана!, – дрско ја прекори Ектор.

–          Јас имам човек кој го љбам и ценам, госпоѓице…

–          Дали тој човек знае дека посетуваш други мажи во нивните канцеларии кога не те гледа?

–          Доста, Дамијана!, – грубо ја прекина Ектор.

–          Што имаш ти со оваа девојка? Сакам да ми кажеш веднаш во лице, Ектор!

–          Излези од мојава канцерарија. Ќе зборуваме подоцна!

Дамијана презирно погледна во Јулиса и ја напуши канцеларијата. Јулиса немоќно пријде до Ектор.

–          Дојдов да молам да го извадите Тристан од затвор. Вие знаете дека не е виновен, вие бевте присутен за време на несреќата, видовте дека Тристан го ризикуваше својот живот за да го спаси Мелчор…

–          Јас не сум го обвинил за никакво злосторство, – се бранеше Ектор. – Но, сега тоа и не е важно.

Гледаше во нејзините црни очи кои гореа како јаглен. Ги зеде нејзините раце кои трепереа од љубов кон саканиот, па и рече;

–          Ти ветувам дека ќе ги ангажирам најдобрите адвокати за да го извадат Тристан од затвор.

–          О, – воздивна Јулиса. – Ви благодарам, инжењеру. Ви благодарам од срце.

Понесена од емоциите, Јулиса му се фрли во прегратките. Ектор се насевна благо чувствувајки ја нејзината кожа олку близу до својата.

Не можејки да се помири дека нејзиниот син го обвинил својот брат за злосторство, Саграрио беше решена да се соочи со Ектор во неговата канцеларија. Кога влезе во просторијата, ја затекна Јулиса во прегратката на својот постар син. Полна со горчина, пријде до Јулиса и и замавна силна шлаканица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!