Од утре на Сител телевизија започнува канадската полициска драма “Флешпоинт”. Авторите на серијата, Стефани Моргинстин и Марк Елис, инспирација нашле во прочуената единица ETF (Emergency Task Force) која се занимава со решавање на најкомплицираните криминални случаи во Торонто и чии припадници се изложени на животна опасност при секоја следна задача. Од серијата досега се снимени вкупно 5 сезони, односно 75 епизоди.
Во серијата, таа специјална единица на полицајци се вика SRU (Stratigic Responce Unit) и секојдневно решава најразлични случаи, од киднапирања, до терористички напади, разбивање на банди, сериски убијци и други акции кои обичната полиција не може да ги превземе. Овие полицајци се опремени со најсовремената технологија и оружје, а при решавање на опасните случаи, тие користат своја тактика на преговарање, но доколку мирољубивиот пристап се покаже неуспешен, дури тогаш користат и сила и оружје. Припадниците на Флешпоинт се: Ед Лајн (Хју Дилон), Џулс Калахан ( Ејми Џо Џонсон), Лу Јанг (Марк Тејлор), Грег Паркер (Енрико Колатони), Спајк Скарлети (Серџо ди Цио), Роли Креј (Габриел Хоган), Ворди Вордсворт (Мајкл Крим) и Сем Бредик (Дејвид Петко).
Дани | ТВ Пакет