Македонските твитерџии се навистина креативни, нивната популарност и влијателност од ден на ден расте и затоа одлучивме дa оставиме простор и за нив на овој портал. ТВ Пакет ќе се задржува на она што тие го твитаат поврзано со телевизијата, секако кога ќе има тема за тоа, но место ќе направиме и за останатите. Ете одлучивме да им посветиме малку повеќе внимание, бидејќи навистина го заслужија. Секоја вечер ќе правиме преглед на најдобрите твитови од изминатиот ден па се надеваме дека ќе ви се допадне нашиот избор.
Нашите посетители ги потсетуваме дека можат да не следат и на оваа социјална мрежа преку @tv_paket
Убав дечко што те манијачи – Фраер Ружен дечко што те манијачи – Мањак
— Бејтманолоџи (@hasawatermark) November 8, 2014
Добро што ме гледаш така? -Се замислив нешто. Е кажи де. -Се замислив што се би ти правел.
— Деко (@Dreamcatcher985) November 8, 2014
Диско не сум видела левел “парфем ставам и пред легнување,пошо неам како на друг начин да го потрошам”.
— Ќерка му на Крапче (@dackua) November 8, 2014
Еротика не е порнографија, Сара Мејс не е пејачка. Толку.
— Некогашен Нокширџија (@KrisManev) November 7, 2014
Никогаш нема да ми здосади да цртам на замаглен прозор, никогаш.
— Диазепам (@SMihajlovska) November 8, 2014
И’ даваш чоколадо: -Леле фалааа, ова за мене? -Не бе придржи малку да си ги врзам патиките.
— Д Зоро (@The__Zorro) November 8, 2014
– Зошто раскинавте? – Не веруваше во проектот на Субрата Рој.
— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) November 8, 2014
Холивуд немаат направено филм у кој млад Американец под неразјаснети околности завршува во Кавадарци и им се приклучува на партизаните у ’42
— The Droog (@NoLuckMakedonec) November 8, 2014
Вас што ви смета што викаме Вајбер наместо Вибер, да не викате “Кроме” за Хром или “Скупе” за Скајп? Мме.
— Vader (@ortographia) November 8, 2014
Во автобусов караница меѓу маж и жена вмровци и една неопределена бабичка. Стигнаа до степен да ја бркаат од бус за да не се вози бесплатно.
— Лолита ☯ (@m_kynthia) November 8, 2014