Вработените во Си Ен Ен го помешаа ликвидираниот терорист на Ал Каеда, Осама бин Ладен со американскиот претседател Барак Обама.
Во насловот на текстот за „маринецот кој го уби Обама“ што во централните вести стоел околу една минута пред да биде забележан и сменет. Во споменатите вести на Си Ен Ен бил емитуван прилог посветен на темата што деновиве ја бранува американската јавност, околу тоа кој е всушност човекот кој на втори мај во пакистанскиот град Аботебад со три истрели го ликвидираше идеологот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
На грешката, која инаку се состои во една буква – Обама и Осама сигнализирале корисници на Твитер, како и голем број новинари на американски медиуми. Си Ен Ен годинава поради слични грешки неколку пати беше во фокусот на корисниците на социјалните мрежи и медиумите.
Курир