Вода.. Земја.. Оган.. Воздух..
Само една личност на светот е способна да управува со сите четири елементи – Аватар, дух на планетата со човечки облик. Само тој може да ја запре немилосрдната Огнена Нација која сака да го освои светот.
Американската цртана серија “Аватар – последниот господар на воздухот” е снимена од 2005 до 2008 година и ги следи авантурите на 11-годишниот Аанг и неговите пријатели кои мора да донесат мир во земјата, само ако го победат моќниот народ на оганот. Светот на Азија е инспирација за ова извонредно шоу кое постигна голем успех кај публиката и критиката, а освои и многу награди, меѓу кои и престижната ЕМИ. Некои од јунаците имаат моќ за манипулација, користејќи бендинг-психокинетички метод на кинеската боречка вештина, а фотографијата се базира на разни источноазиски, ескимски и јужноамерикански општества.
Ова е свет во кој живеат луѓе, фантастични животни и духови, а човечката цивилизација е поделена на 4 дела: Водено племе, Кралство на Земјата, Огнена нација и Воздушни номади. Секоја нација претставува одвоено општество, меѓу кои се и луѓето познати како Бендери, кои имаат способност за манипулација со Елементите ( Воздух, Вода, Земја, Оган).
Но, само еден и единствен е токму тој, ненадминливиот АВАТАР. Серијата е снимена во 61 епизода кои ќе бидат емитувани на МТВ 1 од понеделник до петок во 19 часот.
Дани | ТВ Пакет