Ви се верува ли во оваа драстична разлика во изгледот на актерот Џо Манганиело? Сигурни сме дека на прв поглед нема да поверувате, но на фотографијата се наоѓа еден од најпосакуваните ергени на сите времиња. Актерот Џо Манганиело, кој е препознатлив по улогата на врколакот Алсида од серијата „True blood“. Некогаш бубалица, а денес вистинска секс машина.
Џо на новинарите им откри дека токму улогата во оваа серија е заслужна за неговиот добар изглед, бидејќи сакал да изгледа како „животно“ кога ќе се соблече. Манганиело од летото е во врска со преубавата актерка Софија Вергара.
Курир