Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / „Блиц“: Зошто Елена Ристеска крие дека е мажена?

„Блиц“: Зошто Елена Ристеска крие дека е мажена?

 

Веќе се шушкаше за тоа како колегите на Елена Ристеска од ТЛЗП и се љубоморни поради тоа што пејачката ги добива најдобрите задачи за имитација, а сега и се навртеа и новинарите од тамошните медиуми. Имено, вака започна текстот на „Блиц“:

– „Елена Ристеска (26) која во последното шоу победи имитирајќи ја Џенифер Лопез крие дека е мажена. Таа на снимањето на шоуто никогаш не го води сопругот Бојан Ивановски со кој две години е во брак. Во медиумите за својот приватен живот никогаш не зборува, а и најблиските пријатели не знаат многу за тоа“.

 

 

Пишуваат од споменатиот медиум и дополнуваат:

– „Чуден е нејзиниот брак. Елена не го споменува сопругот воопшто, како да не постои! Во Белград живее сама во близина на Кошутњак во стан кој и го плаќаат од шоуто. Тој никогаш не доаѓа во Белград, а таа ретко оди за Скопје. Кога ќе ја прашаме за сопругот, избегнува да говори за него – вели за „Блиц“ , соработник од шоуто.

 

Исто така пишуваат и оти е интересно што македонската пејачка ниту на Инстаграм не е многу активна, нема ниедна фотографија со сопругот. Блиц ја повикал пејачката која во 2006 година ја претставуваше Македонија на Евроснгот и ја прашале зошто го крие сопругот.

– „За приватниот живот не зборувам“ – изјавила Елена.

 

На инсистирање на репортерите на „Блиц“ да каже зошто нејзиниот сопруг ниту еднаш не дошол во Белград да ја поддржи на снимањето, им рекла дека прашањата сака да ги има на е-маил, а за споменатат тема рекла:

– „Па тој живее во Скопје, и многу е зафатен. Се занимава со приватен бизнис. Ќе дојде во Белград да ме бодри во финалето“.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!