Полицијата пронашла и голем број телефонски апарати и списоци на кои е запишано колку картички од кој оператор се купени. На секое ливче стои „Скопски фестивал“, пишува Телеграф.мк.
Од МВР истакнуваат дека од СИМ-картичките координирано се вршело испраќање на СМС-пораки по однапред дадени инструкции со цел да се влијае врз конечниот распоред за првите три места, истакнаа од МВР. Картичките биле криени во фрижидер. Полицијата пронашла и голем број мобилни телефонски апарати и списоци на кои е запишано колку картички од кој оператор се купени. На секое ливче стои „Скопски фестивал“.
Телеграф.мк