Неодамна медиумите од регионот пишуваа дека нашата позната пејачка и учесничка во моментално најпопуларното шоу „Твоето лице звучи познато“, Елена Ристеска, го крие својот сопруг, па таа се обиде да демантира.
Во една позната српска емисија Елена ги демантираше сите гласини.
– Еве ја бурмата, а тука е и сопругот, изјавила Елена, а гледачите имаа прилика да видат како изгледа таинствениот сопруг на младата пејачка. Елена во следната емисија од шоуто ТЛЗП ќе ја видиме во улога на Џеси Џеј.