Младиот Србин којшто за публиката е познат преку музичките спотови на српските пејачки својата кариера ќе ја продолжи во Боливуд.
Ретко се случува во некоја индиска серија да се појави актер којшто не е по потекло од Индија, а уште поретко е таму да видиме некој што доаѓа од Балканот. Белграѓанинот Марко Миќовиќ веќе некое време живее и работи во Индија за агенцијата Минтра, а сега агентите од една продукциска куќа го викнаа на еден од кастинзите. Веднаш после кастингот е повикан на пробно снимање на новата индиска серија, а доколку се биде во ред тој ќе се појави на малите екрани. Познато е дека индиските серии уживаат многу голема популарност во Србија, поголема и онаа што некогаш ја имаа во Македонија, па веројатно по ова индиските серии ќе земат уште поголем замав кај соседите.