Некаде таму во целиот хаос од групи на социјалната мрежа Фејсбук постои и ваква група – Сузана Турунџиева. Навидум обична фан група креирана од некогашната водителка на А1 телевизија, но кога ќе погледнете што има внатре внимавајте да не се удавите од сите тие паметни мисли што водителката секојдневно ги постира на својот ѕид.
„Животот е курва која постојано ја менува тарифата“; „Да бев маж сигурно ќе бев човек, а не кукавица“; „Џабе ти е брендираната облека кога умот ти е петпарачки“, се само дел од напишаните мисли залепени на нејзините фотографии, што од снимање, што од курчење со новата фризура, што од глумење камерман. Прилично хејтерски настроена, ете погледнете и самите.