Почетна / МК Сцена / Бекамови или Бранџелина, на кого ли личат? Каролина, одлучи се

Бекамови или Бранџелина, на кого ли личат? Каролина, одлучи се

 

Она што е познато и што можеме да го забележиме на социјалните мрежи е дека поп ѕвездите Каролина Гочева и Елена Ристеска приватно се многу блиски другарки. Нема слика на Инстаграм, а на која не си коментираат, особено на оние на нивните внуки, Луција (внуката на Каролина) и Делфина (внуката на Елена). 

 

 

Откако српските медиуми почнаа да шпекулираат дека брачната врска на натпреварувачката на ТЛЗП, Елена, не штима, Елена се огласи до јавноста со најнови фотографии на кои е со нејзиниот сопруг Бојан. Најголема поддршка на овој брачен пар е Каролина Гочева, воедно и нивна пријателка, која не пропушта можност да прокоментира дека изгледаат како Бекамови или како најпознатиот пар на светот Бранџелина.

 

 

Елена моментално е во Белград каде се натпреварува во српското шоу “Твоето лице звучи познато”, а Каролина е во Скопје и се подготвува за престојниот голем концерт кој ќе го одржи на 13 декември во салата “Борис Трајковски”. Билетите за концертот се веќе пуштени во продажба, а превоз е организиран со поаѓање и враќање, од сите поголеми градови низ земјава. Најавениот концерт ќе биде и голема завршница на успешните проекти “Македонско девојче”, кои од следната година ќе се промовираат и во екс ју републиките.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!