После имитацијата на Харис Џиновиќ оваа епизода Елена Ристеска го врати сексипилот на сцена со изведбата на песна од Џеси Џеј. Никој не остана рамнодушен на краткото здолниште кое го носеше пејачката, па на социјалните мрежи постојано се коментираше за нејзината убавина. Елена за време на настапот се соочи со мала незгода кога при изведбата на втората песна голтна неколку од цирконите што и беа залепени на усните. Следната недела Елена Ристеска ќе ја имитира Есма Реџепова.