Почетна / МК Сцена / Ексклузивно, слушнете ја најновата песна на Каролина Гочева

Ексклузивно, слушнете ја најновата песна на Каролина Гочева

 

Слушнете ја најновата песна на македонското девојче

 

 

Пред големиот концерт на Каролина во Скопје и пред објавување на нејзиниот последен албум во екс ју републиките, се случува најголемото изненадување кое ни го приредува тимот на мега-ѕвездата. Свежа, досега нечуена, уште една песна во стилот на големите проекти „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“. Се работи за најновата песна на Каролина – Бегај, бегај, која ексклузивно може да ја слушнете на следново видео:

 

 

Композитор е легендарниот музичар Кокан Димушевски, а песната е „cover“ на насловната тема од култната македонска серија „Трст Виа Скопје“. Текстот за оваа песна го направи Весна Малинова, а аранжманот е на Никола Мицевски – човекот кој го направи „Македонско девојче 2“.

Бегај, бегај е уште една во низата песна како Чалгиска, Две лири, Кој да ми запее, Птицо малечка, со кои ќе уживате на 13 декември на големиот спектакуларен концерт на Каролина во Арената “Борис Трајковски”.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Несудена“ на Деан Коцевски – рок балада која ќе ве врати во ’80-тите

Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!