Почетна / Вебновела / Црвена месечина 129

Црвена месечина 129

Сто дваесет и деветто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Додека возачите на шлеперите бараа начин да се ослободат од токсичниот отпад со кој беа наполнети нивните камиони, до нив пријде Алехнадро со својот автомобил. Со него беше и Дијана.
– Кој сте вие?, – ги праша луѓето кои ги истоваруваа големите буриња. – Што барате овде?
– Прашајте ги шоферите, – одговори едниот. – Ние само си ја вршиме нашата работа.
– Што има во лименките?, – Алехандро го праша едниот од двајцата шофери.
– Кој сте вие што толку прашувате?
– Јас сум сопственикот на оваа земја. Овде сте без моја дозвола и нема да дозволам да го истурите тоа ѓубре овде.
– Нас ни беше кажано да го истуриме отпадот тука.
– Во тој случај вие двајца и тој што ви ја дал наредбата ќе одите во затвор. Што сакате? Да ја отруета целата земја?
– Момци, продолжете со работа,- едниот од шоферите смело им нареди на момците.
– Овде да не сте истуриле ништо!, – грубо им заповеда Алехандро, го извлече својот мобилен телефон од појасот и го заврте бројот на Артемио.
– Кој е?, – мирно праша Артемио од својот апартман во хотелот.
– Артемио, се наоѓам на земјиштето близу хациендата, опколен со твои луѓе и камиони преполни со токсичен отпад.
– За што збруваш? Секако дека не сум издал никаква наредба!
– Не? Тогаш зошто ја сакаше хациендата толку многу?
– Дај ми еден од шоферите, – мирно додаде Артемио и откако беше поврзан со едниот од нив, грубо им рече:- Заминете од таму! И без да го спомнете моето име!

Откако Лусија се погрижи да ја смести својата жртва, го побара човекот кој беше задолжен за снимање на видеото.
– Разбрав дека Ана Вирхинија ти нашла некоја девојка, – му рече телефонски.
– Девојката која ми ја најде Ана Вирхинија не дојде. Не знам што да правам бидејки снимањето започнува вечерва, Лусија.
– Девојката е во вилата на дон Артемио. Ми се јавија луѓето на Ана Вирхинија. Изгледа дека е наркоманка. Но, девојката е онаква каква што ти треба за видеото. Дојди и самиот ќе видиш.

Инспекторот Торес го посети адвокатот Фернандез во неговата канцеларија во Сан Кристобал, тоа попладне.
– Како сте, адвокату?
– Добро, благодарам, – срдечно го пречека.
– Дојдов да зборуваме за нешто што ме загрижува со денови. Сакам пред се да зборувам со вас, бидејки сте правник и пријател на адвокатот Монтеро.
– За што се работи?, – праша Фернандез.
– Сношти беше еден детектив од Гвадалахара кој го истражува исчезнувањето на еден млад човек. Роднината на исчезнатиот, ни раскажа една приказна која навистина ме замисли. Вие го имате прочитано тестаментот на дон Родолфо Валенсија?
– Да секако.
– Тогаш запознаен сте дека налседството е подлено помеѓу госпоѓа Марија Клара и неговата друга внука Фернанда.
– Но, Фернанда е мртва, – рече стариот адвокат.
– Знам, адвокату. Според роднината на исчезнатиот, Фернанда била убиена од страна на Артемио Сантибањез и Фабијан Монтеро.

Луиџи, режисерот на видеото кое требаше да се снима, веднаш ја послуша Лусија и дојде во вилата на Артемио каде што во една од собите лежеше Матилде. Девојката сеуште беше во бесзонание и речиси делуваше полумртва.
– Навистина е онаква каква што ни треба, – гласно забелажа Луиџи. – Но, Боже, дали оваа ќе биде способа да снима?! Ајде да видиме што можеме да сториме за тебе, кралице.

Артемио не можеше да разбере како дошле шлеперите со токсичниот отпад до хациендата, откако имаше извршено наредба да не го истураат ѓубрето на тоа земјиште. По разговорот со Молина го побара Езекијел, човекот кој стоеше зад целата таа операција.
– Можеш ли да ми објасниш зошто ги испрати тие камиони на земјиштето на Ла Луна? Си се јавил? Кога? Овде? Естер? Невозможно! Таа жена повеќе не работи за мене.

Естер му подаде чаша виски на Алехнадро кој ја посети во нејзиниот дома, по средбата со камионџиите.
– За малку фалеше да пропадне се во вода, Естер! Целиот мој план. Не би сакал ни да помислам дека Марија Клара би можела да умре од тој токсичен отпад кој Артемио сакаше да го истури на хациендата.
– Навистина не те разбирам, – рече таа. – Мислев дека не ја сакаш Марија Клара. Од каде таа грижа за неа?
– Марија Клара е единствената која може да ме одведе до рубинот. Само таа и никој друг. Ако и се случи нешто на Марија Клара, тогаш збогум богатство. Она што ме замсили беше реакцијата на Артемио кога му кажав за шлеперите со токсичен отпад. Рече дека не знаел ништо за тоа и верувам дека звучеше искрено.
Алехандро повлече голтка од пијалокот и одеднаш му дојде на памет идеја.
– Дали Артемио знае за Црвената Месечина, Естер?
– Не знам…Никогаш не ми кажал.
– Секако дека знае, – заклучи. – Затоа и очајно ја сакше Ла Луна по секоја цена. Токсичниот отпад беше само изговор пред светот. Никој не би се борел така жестоко за парче земја ако нема некоја добивка од истата. Артемио можел да го истури отпадот на било која земја. Но, зошто Ла Луна?! Тој знае, Естер. Артемио знае за постоењето на Црвената месечина!
Додека зборуваа на темата, заѕвоне мобилниот телефон на Естер. Беше токму Артемио.
– Беше ли во мојот апртман деновиве?, – ја праша дрско.
– Не, зошто?
– Не ме лажи, Естер!
– Не те лажам. Зошто? Што се случило?
– Знаеш ли дека докторката и Карлос Дуран се тука?
– Не.
– Знаеш ли каде е Молина?, – ја праша.
– Не знам.
– Зошто лажеш, проклета?
– Не те лажам и не сакам да знам ништо повеќе за тебе. Ми го уништи животот, го уништи животот на мојот брат. Се надевам дека ќе платиш за сите злодела, – додаде таа и ја прекина врската.
– Беше тој?, – ја праша Алехандро.
– Да.
– Што велиш да ставиме крај на Артемио Сантибањез, Естер? Само јас и ти, сестро?!

Матилде лежеше во џакузи полно со пена, опколена со камери и многу луѓе за кои не знаеше што бараат од неа. До неа седеше високо, црно и мускулесто момче. Таа сеуште беше под влијание на дрогата која и ја стави Лусија. Се чуствуваше како марионета во рацете на другите.
– Не туку стои како мумија, девојко!, – извика режисерот. – Треба да уживаш! Оваа девојка не знае ни што бара овде!
Матилде беше збунета. Додека непознатиот маж ја љубеше по вратот а камерите снимаа во нив, таа се чуствуваше посрамено и валкано.

Марија Клара влезе во кујната по чаша сок, кога наиде на Пас како плаче на масата.
– Пас, што се случило? Зошто плчеш?
– Ах, госпоѓо Марија Клара, простете…
– Не се извинувај. Што се случило?
– Мојата ќерка…Мојата ќерка сношти не се врати за спиење. Никаде не можам да ја најдам.
– Можеби е со Матилде…
– Маргарита секогаш се јавува кога нема да се врати за спиење. Освен тоа ја побарав во пансионот и Крисанта ми кажа дека не ја видела. Се плашам од најлошто, госпоѓо.
– Не зборувај така, Пас, – рече младата жена подавајки и ја својата прегратка. – Маргарита е добро и сигурна сум дека ќе се врати.

Кога по ручекот во ресторанот на хотелот, Артемио се врати назад во својот апартман, го затекна Алехандро во него. Ноншалантно седеше на троседот со чашка пијалок во рацете.
– Што бараш ти овде? Како влезе?
– Не е важно како влегов. Постојат многу начини да се дојде до натрапникот.
– Што сакаш?, – го праша Артемио.
– Утрово кога зборувавме по телефон и кога ми кажа дека не си наредил да се истовари токсичниот отпад на земјиштето кај Ла Луна, за прв пат поверував дека зборуваш искрено. Тука сум за да играме со отворени карти. Ти знаеш за богатсвото кое се крие на хациендата, нели? Знаеш за Црвената месечина?
Артемио пријде до мини барот и посегна по својот омилен бурбон. Наточи една чаша, повлече голтка, пријде до прозорецот и започна:
– Пред многу години, бев потрчко на Родолфо Валенсија. Тој човек ми помогна многу за да бидам она што денес сум. На хациендата ја запознав Вероника, жената на неговиот син Ригоберто. Ригоберто беше пијаница и Вероника не беше среќна со него. Започнавме афера. Вероника беше љубовта на мојот живот. Ја љубев искрено како ниту една друга. Вероника остана бремена со близнаци. За сите, децата беа на Ригоберто Валенсија, но јас знаев дека девојчињата кој ги роди Вероника се моја крв. Така е, Марија Клара и Фернанда се мои ќерки.
Алехандро гледаше шокирано во соговорникот.

Марија Клара се врати во својата соба. Седна на креветот и посегна по книгата која ја читаше, кога помеѓу страниците наиде на писмото кое го доби и на кое сосема заборави. Го отвори и почна да чита во себе:
– “Марија Клара, знам дека ќе те изненади ова писмо, но си должам на себе а и ти должам на тебе да ја знаеш вистината, ќерко.“
– Ќерко?!, – се запраша зачудено и продолжи да чита.
– “Пред многу години, уште пред да се родиш, Вероника, твојата мајка и јас бевме љубовници. Нашата врска не беше само основана на страст, се работеше за вистинска љубов. Твојата мајка не беше среќна со Ригоберто, иако ја имаше безрезервната подршка на твојата тетка Клеменсија и твојот дедо Родолфо. Ригоберто постојано ја малтретираше и правеше пекол од нејзиниот живот. Нештата не се сменија ни откако се родивте ти и твојата сестра. Затоа Вероника реши да побгне од куќата. Пред несреќата, таа ми остави проштално писмо во кое ми кажа дека некаде на хациендата се крие богатство кое е вреднето како најскапиот камен на светот. Ми ја довери таа тајна како благодарност за подршката и љубовта кој аи ја давав сите тие години.“
Марија Клара не можеше да поверува во она што го читаше. Очите и се полнеа со солзи но мораше да продолжи да чита. Само така ќе ја дознаеше вистината.

Артемио откако ја испи едната чашка, посегна по нова. Алехандро сеуште седеше мирно на троседот.
– Дали Марија Клара знае дека ти си и татко?, – го праша.
– До сега би требало да знае. И испратив писмо во кое и ја кажав целата вистина. Вероника повеќе не можеше да го издржи пристиокот кој го имаше во бракот со Ригоберто и реши да побегне. Да исценира несреќа во која сите ќе веруваат дека е мртва. Пред да заминат на пат ми испрати писмо во кое ми кажа за постоењето на рубинот на хациендата. Ова е одговор на моето прашањ. Да, знам за Црвената месечина. Затоа и толку очајно ја сакав таа хациенда. Но, најмногу од се сакав да ги заштитам моите ќерки. Барем едната од нив, кога другата веќе не можев. Бидејки ти ја уби, Алехандро Молина!

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!