На балот на различностите кој неодамна се одржа во новиот барокен театар во организација на здружението “Дајте ни крила“ во хуманитарни цели, имало инцидент, јавува порталот Либертас.
– Од очевидци дознаваме дека познатата актерка Весна Бејби направила кавга. Таа пред почетокот на настанот ненајавено влегла во соблекувалната на поп-пејачката и организатор Ребека и сакала да ја избрка со образложение дека таа требa да се спреми за снимање на емисија за модата на Елена Лука. Ребека во моментот зборела на телефон и се збунила кога Петрушевска почнала да се дере и да и вика да ја напуши просторијата. Откако се соземала од шокот, Ребека се обидувала да и објасни на агресивната актерка дека во нејзината соблекувална имало многу гардероба и дека немала време да ги собере нејзините алишта како и гардеробата на нејзините три дечиња, пишува порталот.
– Искачај од тука,треба да снимам за “Елена Лука“, и рече Весна на Ребека. Јас стоев од страна и не ми се веруваше како може актерката да биде толку дрска и бес осет, вели изворот. Тој додава дека Ребека на ваквиот однос на Бејби реагирала сталожено, пробувајќи да го реши проблемот на мирен начин.