Понеделник, а веќе ја имаме сликата на неделата- водителот Марко Новевски со вентилатор го чистеше воздухот во центарот на Скопје. Дали се работи за нов телевизиски проект на кој работи или нешто сосема поинакво?
– Не се работи за нов ТВ проект, се работи за мојот град! Воздух полн честички вдишуваме секојдневно, несвесни дека всушност и самите можеме да придонесеме кон заштита на околината во која живееме. Па затоа, се одлучив за „ваква форма на чистење” – па ако е потребно, секој ден ќе го правам истото! Нашиот град- од мене зависи! Од сите нас зависи!, истакна Марко кога го прекинавме во неговата „генералка”.
Веруваме дека храброста на Марко и пред сѐ, неговата посветеност за почисто Скопје, ќе ги инспирира скопјани да размислат за начин на кој можат да му помогнат на градот. И не само да размислат, туку истиот да го применат.