Нова романтична серија доаѓа на Телма телевизија
“Судијката од Седар Кoв” е романтична драма во 25 продолженија, која од понеделник започнува на Телма во 17:30 часот, со реприза следниот ден во 13 часот. Базирана е на бестселер на Деби Мекомбер. Во улогата на судијката ќе ја гледаме Енди Мекдауел.
Содржина:
Дејството се случува во едно мало, преубаво приморско место кое се вика Седар Кoв и се наоѓа во северниот дел на Америка, а е познато по своите преубави пејсажи. Во тоа местенце живее судијката Оливија Локарт, која е судијка на сите граѓани на Седар Кoв, затоа што целиот живот, и денот и ноќта, ги поминува решавајќи ги проблемите на граѓаните. Некогаш нејзините случаи се спорови меѓу нејзините соседи, но често и граѓански парници, па така покрај правничкото знаење, таа успева целосно да ги разбере ситуациите и луѓето кои доаѓаат по правда.
Од друга страна, новинарот Џек Грифин ги истражува и пишува за пулсот и проблемите на народот, па така тие проблеми ќе го доведат до Оливија со која ќе започне љубовна врска. Но, на патот на нивната среќа ќе се испречат нивните деца, и тоа ќерката на Оливија – Џастин и синот на Џек – Ерик. Тука е и нејзината напорна мајка Шарлот и нејзиниот бивш маж, кој не останува мирен и сака да си ја поврати љубовта на сопругата. Многу приватни и многу деловни проблеми ќе ја засегаат судијката од Седар Кoв. Таа ќе мора да балансира помеѓу кариерата, семејството, љубовта и најважно од се’, да работи за граѓаните да можат да живеат во мирот и спокојот кој секогаш го имале.
Дани | ТВ Пакет