Почетна / Телевизија / Х Фактор / ОФИЦИЈАЛНО – Нова сезона од „Х Фактор“ на Сител телевизија

ОФИЦИЈАЛНО – Нова сезона од „Х Фактор“ на Сител телевизија

НАСКОРО ЗАПОЧНУВААТ АУДИЦИИТЕ ЗА „X ФАКТОР АДРИА“

 

Во новата сезона и со нова продукциска екипа, најпопуларното шоу на планетата „X Фактор“ наскоро ќе започне со аудиции. Новост во оваа сезона е дека шоуто навистина станува регионално со оглед на тоа што ќе се емитува во пет земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од оваа сезона и во Хрватска. Проектот ќе биде реализиран во соработка со продуцентската куќа “ЦЛМ”, кој ја има лиценцата за овој ТВ формат, а во Македонија Сител ТВ ќе биде дел од продукцијата. Подготовките за аудициите се во полн ек, а скоро 19 милион луѓе од регионот ги очекува една фантастична и возбудлива музичка авантура, во која најголемите таленти ќе се борат за престижни награди и квалитетен почеток на кариерата.

 

 

Сите пејачки таленти од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе имаат шанса наскоро да се пријават и да ја пробаат својата шанса на аудициите кои ќе се одржат во многу градови ширум регионот.

Со оглед на регионалниот карактер, шоуто ќе донесе и многу изненадувања. Тоа што е сигурно е дека напролет не очекува одлична забава за која ќе се погрижат не само врвните изведувачи, туку и многу интересно жири составено од извонредни музичари и секако водителите на шоуто. Сите кои сакаат можат да се пријават преку испраќање на СМС порака со текст: X2 (празно место) ваше име и презиме на бројот 14722, цената на една порака е 5,9 денари со вклучен ДДВ. Можете да се пријавите и преку Фејсбук страницата: https://www.facebook.com/XFactorAdria

„X Фактор“

„X Фактор“ е планетарно познат ТВ формат кој во 2004 година го креира познатиот ТВ продуцент и талент скаут Сајмон Кауел. Ова популарно ТВ шоу претставува натпревар во пеење во кој своја шанса добиваат таленти кои сакаат да остварат пејачка кариера и да покажат дека во себе го носат т.н. X потребен за меѓународен успех. Голема популарност ова шоу има благодарејќи им и на судиите кои во одредена фаза на натпреваруваwето стануваат ментори на кандидатите, па од емисија во емисија се гради и дополнително натпреварувачко ниво во кое и судиите се натпреваруваат меѓусебно, преку своите кандидати.
За тоа колку е влијателен овој ТВ проект најдобро зборуваат имињата кои досега биле во жири на овој ТВ формат, меѓу нив се: Никол Шерцингер, Пола Абдул, Шерон Озборн, Кели Роуланд, Бритни Спирс, Деми Ловато, Шерил Кол, Мел Б и самиот Сајмон Кауел.

Своите први музички чекори во овој ТВ формат ги почнале сега веќе анимирани музички yвезди како Xејмс Артур, Литл Микс, Леона Луис, Џејн Ворд, Ела Хендерсон, ЈЛС како и најпопуларната поп група на светот „One Direction“. Колку ова шоу им се допаѓа на гледачите зборува и податокот дека моментално „X Фактор“ се емитува во преку 40 земји во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!