Новата турска серија на Сител од утре во 21 часот
“Снеговите на љубовта” е костимирана теленовела, снимена по бестселер на Нермин Безмен. Се работи за една од најскапите турски серии, снимена во 2014 година. Во главните улоги ги гледаме познатите Киванч Татлитуг (Ѓумуш, Притаени страсти, Љубов и одмазда) и Фарах Зејнеп Абдулах (Бурни времиња). Киванч за оваа улога добивал и по 22 000 евра по епизода. Освен на турски, во серијата се зборува и на руски и на кримско-татарски јазик, а приказната е сместена во времето на рускиот цар Николај Втори.
Серијата со емитување започнува утре (недела) во 21 часот на Сител, а ќе се емитува недела и понеделник.
Содржина:
Курт Сеит е роден во богато семејство во Санкт Петерсбург, растејќи така што се придржувал по правилата и начелата кои му биле наметнати од татко му, угледниот земјосопственик Мирза Еминоф. Неговата фамилија потекнува од Турција, гордо го почитуваат и му се верни на рускиот цар Николај, а и сакаат синот Сеит да им донесе потомство и да се ожени со убава Турчинка. Сеит успешно ја завршил воената школа каде сите го ценеле и сакале, а по дипломирањето, станува поручник во војската на царот, спремен да се бори за царска Русија. Тој е амбициозен и храбар, а со својата убавина и стас ги примамува погледите и на многу руски госпоѓици. Една зимска ноќ, додека во градот одекнуваат нотите на Чајковски, Сеит ја запознава младата руска благородничка Шура и тогаш започнува нивната голема љубовна приказна.
Се вљубуваат на прв поглед и се предаваат еден на друг, но на патот на љубовта застанува голема пречка – војната. Тој мора да тргне на фронт и да ја одбрани земјата од непријателите, иако неговото срце посакува засекогаш да остане крај Шура. Но и таму, во вртлогот на војната, тој наоѓа време да и пишува писма на љубената, на кои таа му враќа.
По сериозна повреда во војната, Сеит се враќа во градот, каде се соочува со револуцијата која ја водат болшевиците. Како припадник на царевата војска, тој е на болшевичката црна листа и затоа мора да бега од градот каде не е безбеден. Заедно со Шура, бега на семејниот имот каде не е добро пречекан. Неговото семејство не ја одобрува нивната врска затоа што Шура не е муслиманка, па затоа Сеит и Шура мора да бегаат на друго место. Успеваат да се качат на брод и да запловат кон непознатата земја, оставајќи ги сите спомени, пријатели, роднини и минатото зад себе. Црното море ги носи до Истанбул каде младите љубовници започнуваат нов живот. Во новиот живот единствено нешто што имаат Сеит и Шура е љубовта, но таа нема да е доволна за да останат среќни до крајот.
Улоги: Kıvanç Tatlıtuğ (Сеит), Farah Zeynep Abdullah (Шура), Fahriye Evcen (Мурвет), Cem Bender (Били), Seda Güven (Валентина) и др.
Дани | ТВ Пакет