Почетна / Сапуници / Латино заводникот Вилијам Леви се враќа наскоро во нова бура

Латино заводникот Вилијам Леви се враќа наскоро во нова бура

 

Нова мексиканска серија, наскоро во Македонија

 

 

Наскоро на Скај Нет телевизија и сите локални телевизии ширум земјава започнува мексиканската теленовела “Бура” (La Tempestad). Главниот лик во новата бура го толкува омилениот латиноамерикански актер Вилијам Леви, познат по улогите во новелите “Напуштен ангел”, “Магична привлечност” и “Триумф на љубовта”. Овој пат друштво ќе му прави Химена Наварете, нова актерка која беше Мис на Универзумот во 2010 година. Покрај нив, во другите улоги ги гледаме познатите мексикански актери Сезар Евора, Даниела Ромо, Нора Салинес, Рене Касадос, Иван Санчез, Мариа Сорте, Мануел Охеда и многу други.

 

 

Насловната песна од серијата “Hoy tengo ganas de ti” ја изведуваат Кристина Агилера и Алехандро Фернандез.

Детали за содржината и други интересни информации, очекувајте наскоро.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!