Можеби не се пријателки, но не се ни непријателки
Популарните џет сетери Ким Кардашијан, Канје Вест, Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се видени конечно на едно место во исто време, на заедничка вечера. Сликата на која популарната четворка е видена заедно, предизвика големо внимание во таблоидите затоа што ова е прв пат да бидат видени заедно по свадбата на Ким и Канје на која не присуствуваа Бијонсе и Џеј Зи и покрај тоа што Џеј Зи требаше да биде кум на венчавката. По таа венчавка, почнаа да кружат гласини дека ѕвездата на реалните шоу била лута и прекинала секаков контакт со Бијонсе и Џеј Зи.
Свадбата на старлетата Ким и Канје се случи во Фиренца, а причина поради која Бијонсе и Џеј Зи не дошле на таа свадба била Рејчел Рој. Всушност, претходно сестрата на Бијонсе ја нападнала Рејчел поради нејзиниот близок однос со Џеј Зи, па поради присуството на Рејчел на свадбата на Ким, популарниот рап пар Бијонсе и Џеј Зи не се појавија на таа свадба.
Не се чудете ако ви звучи заплеткано, таков е животот на познатите џет сетери во Америка. Важно, трачевите се побиени и брачните парови не се во кавга.
Дани | ТВ Пакет