На помалку од еден месец до големиот солистички концерт на балканскиот заводник Владо Георгиев, ТВ Пакет ви пренесува ексклузивно интервју со пејачот кој на 14 февруари ќе ја наполни арената Борис Трајковски. Денот на љубовта и виното, во спортскиот центар Борис Трајковски, со хитовите на Георгиев, ќе добие една сосема поинаква форма и значење. Имено концертот на Владо Георгиев ќе биде идентичен на оној за кој што зборуваше цела Србија, а се случи во Белградска арена.
1. ПОМИНАА ПРАЗНИЦИТЕ, КАКО ГИ ПОМИНАВТЕ?
Искрено многу убаво. Можеби малку поскромно од другите години, затоа што морав да се чувам за настапите по овој студ. Ке Ви признаам, во Новата година влегов многу задоволен и расположен.
2. ШТО СИ ПОСАКАВТЕ ЗА ОВАА 2015 ГОДИНА?
Да останам нормален во овие ненормални времиња, светот толку брзо се менува и луѓето се менуваат преку ноќ и едноставно не се вистински. Така и се однесуваат. Би сакал да бидам задоволен во 2015 година, ете тоа би го посакал за себе.
3. СЕГА ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ. Конечно голем солистички концерт на македонската територија. што помислувате овие денови во врска со концертот?
Не рамислувам за ништо освен дека очекувам таа вечер заедно со скопската публика да направиме една преубава и весела вечер. Јас долго време сакам да направам еден вистински концерт во Скопје и желбата ми се исполни.
4. ЗОШТО ГО ОДБРАВТЕ ДЕНОТ 14 ФЕВРУАРИ?
Затоа што организаторите и јас сфативме дека е тоа идеален датум од причина што јас го почитувам Св. Трифун како и Вие, а голем љубител сум и на виното. Кај нас грозјето најдобро успева и ќе биде добро ако некој и се вљуби на мојот концерт, бидејќи некои тогаш го слават и Денот на вљубените.
5. КОНЦЕРОТ Е ИСТ КАКО И ГОЛЕМИОТ КОЦЕРТ ВО КОМБАНК АРЕНАТА. ДАЛИ ПОДГОТВУВАТЕ НЕКОЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ?
Јас најчесто се изненадувам самиот себе на вакви концерти, се надевам дека нема да претерам со изненадувањата. Нека сѐ до тогаш остане тајна и како изненадување на сите нас.
6. ШТО ПОСАКАВТЕ ОД ОРГАНИЗАТОРОТ? ИМАТЕ НЕКОИ ПОСЕБНИ БАРАЊЕ? АЈВАР, РАКИЈА, ГРАВЧЕ ТАВЧЕ ИЛИ СЕТО ТОА ДОАЃА СПОНАТНО?
Не побарав ништо посебо. Лично не барам многу, а и знам дека се ќе биде како треба, затоа што македонците се познати како прекрасни домаќини во што многу пати до сега сум се уверил.
7. ВО БЕЛГРАД СЛАВЕВТЕ РОДЕНДЕН НА ПРВИОТ КОНЦЕРТ, ДАЛИ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ЈА СЛАВИТЕ ЉУБОВТА ВО МАКЕДОНИЈА?
Не знам, единствено ако вие кажувате дека е така, може да запознаам некое девојче македонче, па и оваа приказна да добие смисол.
8. ДАЛИ Е ГОТОВ РЕПЕРТОАРОТ. ИМА ЛИ ВО НЕГО НЕКОЈА МАКЕДОНСКА ПЕСНА?
Јас не го откривам репертоарот, свирам како ми кажуваат чувствата.
9. ДАЛИ ТЕБЕ ТИ ЗНАЧИ НЕШТО 14 ФЕВРУАРИ КАКО ДЕНА НА ВЉУБЕТИТЕ А НЕ КАКО ДЕН НА ТВОЈОТ КОЦЕРТ?
Оваа година ми е едефинитивно ден на концертот, потоа денот на Св. Трифун па на крај ден на вљубените.
10. ОСВЕН ДА ДОЈДАТ НА ТВОЈОТ КОНЦЕРТ, ШТО ДРУГО ИМ ПОРАЧУВАТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЧИТАТЕЛИ?
Што и да кажам сега ќе биде некоректно, планирам да кажам многу повеќе на 14.02 во арената Борис Трајковски. Се гледаме таму!
Со оглед на тоа дека ова му е прв голем солистички концерт после цели 10 години во македонската метропола, Владо Георгиев сака да остане запаметен во македонската меморија. Иако важи за голем заводник, овој ден на љубовта ќе им го посвети на оние кои што сеуште веруваат во љубовта.