Сто и триесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Марија Клара низ солзи продолжи да го чита писмото од Артемио:
– Со годините се претворив во манипулативен и болно амбициозен човек. Откако дознав дека Вероника умрела, се заколнав дека никогаш повеќе нема да љубам. Мојот живот го посветив на тоа да станам богат и успешен. По многу години се вратив во Сан Кристобал за да го пронајдам рубинот и за да бидам близу до тебе, ќерко. Кога почина твојот дедо и дознав дека половина од наследството и оставил на непозната девојка, одлучив да ја елиминирам. Пратив мои луѓе во Порторико за да ја убијат Лорена Веларде, другата наследничка. Но, кога отидов да видам за кого станува збор, која е мистериозната девојка на која и оставено неследството, решив да и го поштедам животот. Девојката која ја држеа моите луѓе на јахтата, беше идентична како тебе. Тогаш сфатив дека Лорена е мојата друга ќерка, Фернанда, онаа за која верував дека умрела во несреќата со Вероника. Наредив веднаш да биде пуштена. По неколку дена слушнав дека го нашле нејзиното тело во морето. Мораш да ми веруваш дека јас не ја убив. Сите сомнежи одеа само кон една личност, Алехандро Молина, сопругот на Фернанда. Алехандро ја убил Фернанда со цел да дојде до Ла Луна и да го најде рубинот. Затоа очајно сакав да го пронајдам. Откако ја убил твојата сестра побегнал од Порторико. Кога дознав дека се наоѓана Островот Лос Рејес испратив луѓе да го убијат, но несреќникот успеа а побегне. Долго време не знаев дека е Диего Луна, идентитетот со кој се претставуваше. Тој човек е болно копиле кое нема скрупули, ќерко. Мораш да внимаваш од него.“
Марија Клара не можеше да продолжи да чита. Се почуствува слаба и предадена. Сакаше да верува дека Артемио ја лаже во своето писмо, но тој немаше потреба да лаже. Врели солзи се лизгаа по нејзиното лице. Не знаеше ни како ќе се соочи со вистината. Чуствуваше само болка. Голема болка во градите. Неиздржлива.
Артемио гледаше со сиот свој презир во Алехандро кој седеше мирно. Не негираше, ниту зборуваше. Само гледаше.
– Нема да порекнеш дека ти ја уби Лорена? Мојата ќерка! Сите овие месеци те бркав насекаде само за да направам да платиш за стореното. Сега кога конечно те имам в раце, нема така лесно да ми побегнеш, Молина!
Артемио посегна по својот пиштол во фиоката. Рацете му трепереа додека оружјето го впери во главата на Алехандро.
– Зошто ми префрлаш кога и самиот сакаше да ја убиеш Лорена?, – праша Алехандро.
– Сакав да ја убијам Лорена Веларде, не Фернанда. Кога сфатив дека се работи за мојата ќерка, ја пуштив на слобода…Да знаев дека ти ќе ја убиеш, ќе ја земев со мене. Ќе ја заштитев.
Во главата на Алехандро се врати сеќавањето од онаа ноќ.
Седеше во ателјето на Лорена. Дијана беше само што заминала. Сеуште немаше трага од киднаперот на неговата штотукувенчана сопруга. Седеше во мрак кога слушна тропање на вратата. Помсили дека Дијана заборавила нешто, но кога ја отвори вратата, не можеше да им поверува на своите очи.
– Лорена?!
– Алехандро, љубов моја, прегни ме. Беше страшно.
Ја побара неговата прегратка како засолниште. Го чуствуваше мирисот на нејзината коса. Одвај веруваше дека е таа. Со своите дланки го зеде нејзиното лице и ја гледаше со солзи во очите.
– Лорена, љубов моја. Помислив на најлошото.
– Ме држеа на една јахта, не далеку одовде. Ме дрогираа за да ме одржат во живот. И одеднаш решија да ме пуштат. Можеби ме земале по грешка, Алехандро. Можеби ме помешале со друга личност. Бидејки неколку пати ја слушнав жената која ме држеше како вели дека сум идентична како Марија Клара, која и да е.
– Дијана ми кажа дека пред да те земат, сте биле кај нотар. Дека си наследничка на некоја хациенда во Мексико. И дека ако нешто ти се случи на тебе, јас ќе бидам насленикот.
– Каква врска има сега тоа со ова, Алехандро?
– Прсоти ми, Лорена. Прости ми љубов моја, ова не требаше да излезе вака.
– За што зборуваш?!
– Те љубам како ниедна друга. Никогаш нема да бидам способен да љубам како што те љубам тебе, но ова е посилно од мене…Ова е нешто кое му го должам на мојот татко. Рзбери ме те молам.
– Алехандро, што зборуваш?!
Го извлече револверот од фиоката на креденецот и пукаше во неа. Таа го гледаше во очи додека телото и крвареше. Откако се увери дека е мртва, ја одвлече од ателјето и ја фрли во морето…
Сега, во апартманот на хотелот Реал дел Монте, Артемио Сантибањез стоеше пред него со оружје вперено во неговата глава.
– Убиј ме, – му рече мирно.
Раката на Артемио почна да се тресе и оружјето испадна од неговите раце. Немаше сила да направи чекор повеќе. Почуствува сила болка во градите и стомакот. Почна да се загушува.
Алехандро сеуште седеше мирно на троседот и низ блага насмевка гледаше како телото го предава Артемио. Гушењето кулминираше со пена која почна да ја испушта од устата. Падна на колена, а потоа и легна на подот. Се бореше за здив се додека силата не го предаде. Го испушти и псоледниот здив откако Естер застана пред него. Таа беше последноото нешто кое го виде пред да умре.
– Знаев ека Бурбонот му е омилен пијалок, – му рече на Алехандро. – Затоа и ставив отров во него. Секако претходно ги извадив куршумите од пиштолот, за секој случај. Но, ти си ја убил Фернанда?, – го праша.
– Немаме време сега да зоруваме за тоа, Естер. Да одиме, – конечно рече тој и стана од троседот.
Дијана влезе во собата каде што Марија Клара седеше во полумрак. Очите и беа суви, но крвави.
– Марија Клара, дојдов како што се договоривме.
– За што сме се договориле?, – праша младата жена, гледајки низ прозорецот. Не го заврте лицето.
– За хипнотерапијата која треба да ја направиме. Заборави?
– Не.
– Дали си подготвена?
– Да, – одговори кратко.
Матилде лежеше на пространиот кревет во егзотичната вила по снименото порно видео. Сеуште беше во полусознание. Беше бледа, а косата и беше влажна. До неа пријде Луиџи со парите кои требаше таа да го добие за сниманото видео.
– Ова се твоите пари, – рече седнувајки до неа на креветот. – Како се чуствуваш? Подобро.
– Кој ме донесе овде?, – прашаа таа откако собра доволно сила да проговори.
– Не се сеќаваш? Те испрати Ана Вирхинија.
– Никогаш не сум слушнала за тоа име.
– Како не си слушнала? Ана Вирхија која работи за Артемио Сантибањез.
– Артемио Сантибањез, – праша Матилде со подотворена уста.
Висента седеше во својата кујна, гледајки на часовникт речиси на секоја измината минута. Кога слушна чекори, се заврте нагло, верувајки дека се вратила Матилде, но сепак беше само Крисанта.
– Крисанта, – воздивна длабоко. – Помислв дека е мојата ќерка.
– Не знам зошто ја чекаш, жено? Сигурно некаде заглавила со Маргарита. Знаеш какви се тие две.
– Сигурна сум дека и се случило нешто лошо, Крисанта. Не можам повеќе да седам во неизвесност без сознание каде е ќерка ми. Ќе одам да ја пријавам, – решително рече Висента, и појде до телефонот во ходниккот.
– Инспекторе Торес? Овде Висента Видал. Сакам да го пријавам исчезнувањето на мојата ќерка Матилде.
– Смирете се, госпоѓо. Колку време ја нема вашата ќерка?, – ја праша инспекторот.
– Од утрово. Рече дека ќе оди да зборува со Алехандро Молина. И одтогаш нема ни трага ни глас од неа. Се плашам, инспекторе.
– Госпоѓо, сигурен сум дека вашата ќерка е добро. И самата кажавте дека сте ја виделе утрово.
– Се плашам дека тој човек и може да ја повреди, инспекторе. Речиси сум сигурна дека Алехандро Молина е серискиот убиец кој уби толку многу луѓе во селово!
Марија Клара трепереше додека Дијана се подготвуваше да ја хипнотизира. Гледаше со широко отворени очи во докторката и речиси немаше воопшто концентрација за да се посвети на терапијата. Не можеше да престане да мисли на писмото на Артемио.
– Нема причина да стравуваш, Марија Клара. Ќе те хипнотизирам за полесно да можеш да се сетиш на траумаата која си ја имала како дете и така ќе си ја повратиш онаа сложувалка која недостасува од твоето минато. Мораш еднаш да поминеш низ ова.
Младата жена само немо климаше со својата глава.
– Мојата тетка, – рече нешто подоцна. – Сакам мојата тетка да биде тука кога ќе бидам хипнотизирана.
– Секако. Веднаш ќе ја викнам, – рече Дијана, полна со разбирање и излезе од собата.
Ноќниот автобус кој возеше кон Сан Кристобал застана на перонот и од него слезе Матилде. Истоштена, изморена и преслаба. Само што стапна на асфалтот, ја загуби свеста и падна на земјата во бесознание.
Клеменсија стоеше до креветот покрај својата внука, држејки ја цврсто за раката. И самата беше свесна дека е време Марија Клара да дознае за она што и се имаше случено како дете, и дека само со запознаената вистина ќе може слободно да живее. Марија Клара ја пристискаше раката на својата тетка, исплашена. Дијана ја забележа нејзината реакција и мирно и рече:
– Мораш да се опуштиш, Марија Клара. Нема причина да стравуваш, верувај ми. Мораш да ми веруваш бидејки само така можам да ти помогнам. Диши длабоко и мирно.
Марија Клара длабоко воздива.
– Полека, мирно, полека, – гласот на Дијана беше благ но сугестивен. – Затвори ги очите и диши длабоко. Мирно, длабоко.
Марија Клара се обидуваше да ги следи дадените инструкции.
– Така…Сега обиди се сетиш на онаа ноќ кога со твојата тетка сте се вратиле од балет, во старата семејна куќа во градот.
Најпрво преку магла, но подоцна се појасно се виде себеси како мало девојче во бело фустанче со тантела.
– Каде си сега? Дали нешто гледаш? Зборувај ми, – до неа допираше гласот на Дијана додека полека тонеше кон своето минато.
– Се гледам себе како девојче…Се наоѓам во мојата детска соба…Тетка ми вели дека е време да се преслечам и да легнам, бидејки веќе е доцна, но јас сакам да се гледам пред огледало и да замислувам дека сум балернина како оние во балетот кои ги гледавме. Кога ќе пораснам сакам да бидам белиот лебед како во претставата.
– Дали слушаш нешто? Гласови?
– Грмотевици. Надвор владее страшно невреме. Тетка ми зборува нешто.
– Што ти зборува?
– Не можам да ја слушнам…
– Обиди се да ја слушнеш, – инсистираше Дијана.
– Ми вели да се преслечам…Потоа ме остава сама во собата. Стојам пред огледалото и замислувам дека сум балерина. Слушам врева од салонот. Кршење на стакла…Тетка вреска…Погледнувам низ полуотворената врата…Нашиот домар лежи на подот…има крв околу себе…Тројца се…Двајца ја врзуваат тетка со јаже…едниот и ја држи устата…Третиот бара нешто низ собата. Имаат маска на себе. Ме наоѓа…Влегува во собата и нешто ми зборува…
– Што зборува?
– Не можам да го слушнам…
– Секако дека можеш, обиди се…
– Не можам. Ги става рацете на мојата половина…Не сакам да ме допира…
– Што правиш ти?
– Го туркам од себе, но не можам да се ослободам од него. Со своите раце ме допира…Врескам на сиот глас, но со едната рака ми ја затвора устата а со другата ми го раскинува фустанчето. Плачам…Ме боли. Ме повредува…
– Дали можеш да видиш како изгледа?
– Не…има маска на лицето. Ме боли…Упсевам да ја раскинам неговата маица…Има тетоважа на градите…
Марија Клара одеднаш ги отвори очите. Стоеше така вкочанета, заледена, додека Дијана и Клемснија се обидуваа да допрат до неа.
– Во ред е Марија Клара, ако сакаш ќе продолжиме друг ден, – рече Дијана.
– Сум била силувана…Тој што ме силувал…Има тетоважа на градите. Истата тетоважа која ја има Алехандро!!!
Утревечер не пропуштајте го финалето!
LucasScott | ТВ Пакет