Почетна / Сапуници / Најуспешната теленовела за 2014 година започнува на локалните телевизии

Најуспешната теленовела за 2014 година започнува на локалните телевизии

 

Нова теленовела на МТМ и локалните телевизии

Од понеделник на програмата на МТМ телевизија започнува новата мексиканска теленовела “Украдена љубов” (Lo que la vida me robo) која важи за една од најпродаваните и најуспешни мексикански новели за 2014 година. “Украдена љубов” ќе се емитува секој работен ден во 18 часот, а за репризните изданија, можете да се информирате од редовната објава за термините и броевите на епизоди за сериите.

 

 

Содржина:

Монсерат е млада и убава богата девојка, која од секогаш била опкружена со луксуз. Меѓутоа, дозволува нејзината доминантна мајка Грасиела да управува со нејзиниот живот. Дона Грасиела е жена која по никоја цена не сака да го изгуби угледот и социјалниот статус, и покрај тоа што нејзиниот сопруг Лауро Мендоза е на работ на банкрот. Криејќи се од својата мајка, Монсерат се впушта во романса со морнарот Хосе Луис, меѓутоа нејзината мајка тајно сака да ја омажи за богаташот Себастијан де Икаса. Монсерат и Хосе Луис уживаат во својата врска, свесни дека нејзиното семејство нема никогаш да го прифати сиромашниот Хосе Луис.

 

 

Од друга страна, на соседната хациенда младиот Алехандро дознава дека неговиот татко е еден суров мултимилијардер, кој умира неколку минути откако ќе му ја соопшти вистината на Алехандро. Потресен поради новонастанатата околност, Алехандро таа ноќ ја среќава Монсерат и безнадежно се вљубува во неа по што бара дозвола од нејзината мајка да почне да и се додворува. Откако дона Грасиела дознава дека Алехандро е богат наследник, почнува да крои нови планови во кои Алехандро е совршениот кандидат за нејзината ќерка и оној кој ќе ги спаси од банкрот. Истовремено Грасиела дознава дека Монсерат е во љубовна врска со сиромашен човек, па заедно со нејзиниот син Димитриј прават нова замка, во која на Хосе Луис му местат злосторство кое не го сторил. На тој начин ги разделуваат Монсерат и Хосе Луис, а му го отвораат патот на Алехандро до Монсерат. Разочарана од љубениот, Монсерат доживува уште една разочарување откако дознава во каква финансиска состојба е нејзиното семејство. За да го спаси семејството, Монсерат решава да се омажи за Алехандро, свесна дека така ќе ги погази своите принципи.

По свадбата, Монсерат се сели на имотот на Алехандро и од тогаш започнува да живее живот без љубов, живот во заробеништво, сонувајќи за деновите поминати со Хосе Луис. Хосе Луис, пак, бега од правдата и под туѓ идентитет се крие на имотот на Алехандро каде започнува да работи. За Монсерат доаѓаат тешки денови. Од една страна е Хосе Луис кој е блиску до неа, а од друга страна е Алехандро кој се’ повеќе почнува да го освојува нејзиното срце.

 

 

Во главните улоги настапуваат Анжелик Бојер (Монсерат), Себастијан Рули (Алехандро), Луис Роберто Гузман (Хосе Луис) Даниела Кастро (Грасиела) и други.  Бојер и Рубли освен овде, главен пар беа и во хит серијата “Тереза”. Анжелик ни е позната и од “Амбис на љубовта”, а Рули од главната улога во “Руби”, “Посилни од судбината”, “Вљубени и злобни” и епизодите улога во “Сестри” и “Страст”.

 

Освен оваа теленовела, наскоро започнува и мексиканската “Бура” на локалните телевизии, a потоа и венецуелската “Ева Луна”, за што дополнително ќе ве информираме.

 

 

Дани | Тв Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!