Светот нетрпеливо ја чека премиерата на филмот „50 нијанси на сиво“, кој ќе се појави во кино салите на Денот на вљубените.
Во филмот наводно се вклучени повеќе жешки сцени отколку во 100-те најпровокативни филмови на 2014 година. Секси сцените се во траење од 20 минути, од вкупно 100-те минути колку што трае целиот филм. Овие информации ги откри Џејми Дорнан, кој во филмот го игра Кристијан Греј, главната улога. Сепак, по негово мислење филмот не е порнографски, дури ни еротски, иако многумина го прогласуваат за најексплицитен филм на деценијата.
„50 нијанси на сива“ во кој покрај Дорнан игра и Дакота Џонсон е еден од најочекуваните филмови ова година, а најавите на Јутјуб ги имаат погледнато повеќе од 50 милиони луѓе.