Непредвидливата Ријана сними неверојатна фотосесија за потребите на списанието Харперс базар.
Музичката ѕвезда заплива со ајкули по повод 40-годишнината од премиерата на популарниот филм „Jaws“. Славната пејачка позираше во костими за капење од Gottex, Burberry, Mugler, Chanel и златен комбинезон од Balmain за едиторијалот снимен во аквариум во Тампа, Флорида. За фотографиите бил ангажиран Норман Жан Рој. Погледнете како течело снимањето на оваа уникатна фотосесија.