Слушнете ги песните на Кипар, Франција, Швајцарија и Албанија
Дел од земјите ученички на овогодинешниот избор за песна на Евровизија веќе ги избраа своите претставници. Откако ви ги претставивме песните на Македонија, Малта и Холандија, време е за уште неколку земји ученички кои веќе ги избраа своите песни.
Лиза Анжел, француксата претставничка со италијанско потекло во Виена ќе ја отпее песната “N’oubliez pas” (Не заборавај), чиј автор е Робер Голдман, брат на познатиот француски пејач Жан-Жак Голдман. Песната сака да прати порака за мир во цела Европа, а прв пат е изведена во ноември минатата година на комеморативната седница по повод стогодишнината од Првата светска војна. Пејачката истакна дека песната не се однесува само на тој специфичен период, туку на било каков конфликт.
Јанис Карајанис со баладата “One Thing I Should Have Done” е претставникот на Кипар. Нивниот избор се состоеше од двомесечно натпреварување во кое преку елиминации беа избрани шестте најдобри, за на крајот да биде одбрана победничката песна.
Швајцарија во Виена ќе ја претставува Мелани Рене со песната “Time to Shine” која доби најмногу гласови на швајцарскиот национален избор. Во Швајцарија за националниот избор се избираат по двајца претставници од секој јазичен дел од државата, францускиот, италијанскиот и германскиот. Годинава после многу години конечно беше избран претставник од францускиот јазичен дел, иако нејзината песна е на англиски јазик. Песната е компонирана од самата Мелани. Швајцарија ќе настапи во второто полуфинале на Евровизија 2015.
Фантастичната балада “Diell” (Сонце) на албанката Елаида Дани која во 2012 се пресели во Рим за аудициите на The Voice of Italy ќе ја претставува Албанија на Евровизија 2015. Песната најверојатно ќе биде изведена на англиски јазик и со изменет аранжман.
Дани | ТВ Пакет