Заврши првата сезона на “Не тагувај по мене”
Турската серија “Не тагувај по мене” засега е ставена на пауза на Сител телевизија. Во четвртокот беше емитувана последната епизода од првата сезона, а за почетокот на новите епизоди, дополнително ќе ве информираме. Во меѓувреме, Сител телевизија ја започна новата турска серија “Малиот ага”.
Во новата сезона од серијата за нсреќата и радоста, “Не тагувај по мене” следуваат нови потресни случувања во кои тагата ќе се претвори во радост за некои од ликовите. Тајната љубов на Бахар и Синан ќе излезе на виделина, а тоа ќе ги промени животите на многумина. Дали Нијази и несреќната Буке ќе ги поминат сите препреки и ќе бидат заедно, гледачите ќе дознаат во наредниот период.
Во четвртокот заврши и индиската сапуница “Огнови на љубовта”, а на нејзино место во утринскиот термин ќе се емитува индиската “Малечката невеста” со продолжено времетраење.
Дани | ТВ Пакет