Почетна / Сапуници / Почина Лорена Рохас, ѕвездата на “Крадец на срца”

Почина Лорена Рохас, ѕвездата на “Крадец на срца”

 

Почина Вероника од “Крадец на срца”

 

 

44 годишната мексиканска актерка и пејачка Лорена Рохас вечерва почина во Мајами, по долго и тешко боледување од рак. Лорена починала во својот дом, опкружена од нејзиното најблиско семејство и нејзиното момче. Актерката ни е позната од улогата на Беатрис во теленовелата “Кандидат” (емитувана на МТВ 1), а во моментов гледачите може да ја гледаат во улогата на Вероника Вега во тв новелата “Крадец на срца”. “Крадец на срца” се емитува секој работен во 20 часот на Скај Нет телевизија и останатите локални телевизии ширум земјава.

 

Фановите ја сакаа поради нејзината скромност и убавина, а Лорена не ги напушти само нив, туку ги напушти и ќеркичката и нејзиното семејство. Нека почива во мир. 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!