Деветта сезона на крими серијата “ЦСИ Њујорк” во 21:15 часот
Од утре (четврток) во 21:15 часот, Телма телевизија на местото од “ЦСИ Лас Вегас” ќе ја емитува деветата и последна сезона на најпознатата криминалистичка серија “Истрага на местото на злосторството – Њујорк”. Серијата ќе се емитува од понеделник до петок во 21:15 часот. Серијата се снимаше од 2004 до 2013 година. Првите пет сезони имавме прилика да ги гледаме на А1 телевизија, следните три на МТВ 1 и последната ќе ја гледаме на Телма.
За потсетување, шеф на тимот во Њујорк е Мек Тејлор. Мек го има главниот збор во тимот и тој секогаш е прв на местото на злосторството. Мек се води по старото венецијанско правило: сѐ е поврзано и ништо не е случајно. Нему му помага Стела Бонасера, главен советник на Мек и специјалист за случаите на психолошка тортура, силување и киднапирање, а во последната епизода од сезонава ќе видиме и со која Мек ќе реши да го помине остатокот од животот.
Дани | ТВ Пакет