Почетна / Серии / Данската серија „Убиства со умисла“ од понеделник на МТВ 1

Данската серија „Убиства со умисла“ од понеделник на МТВ 1

 

“Убиства со умисла” – крими серија на Македонската телевизија

 

 

На местото на петата сезона на “Менталист”, започнува нова серија во 22.20 часот, секој работен ден на МТВ 1. Се работи за данската крими серија “Убиства со умисла” која зборува за потрагата по злосторниците кои предизвикуваат најмногу страв – сериските убијци. Тие се мистериозни, недопирливи и не ги следат традиционалните мотиви и начини на однесување.

Серијата ја следи работата на полицискиот оддел во Копенхаген, специјализиран за истражување сериски убиства. Абициозната и своеглава инспекторка Кетрин Рајс Јенсен и остроумниот форензички психијатар Томас Шефер, детектив и криминолог, многу успешно ги решаваат случаите, благодарејќи на способностите, проникнувајќи во умовите на жртвите и на убијците. За да ги уапсат, неопходна е посебна личност која ќе ја разбере нивната мрачна страна и ќе ја препознае фантазијата со која се опседнати убијците.

 

 

Инспекторката Кетрин и форензичарот Томас се вистинските личности кои се фаќаат во костец со најголемите злосторници. Нивната задача не е ни малку лесна. Од епизода во епизода им претстојат многу непредвидливи и опасни ситуации во справувањето со овие болни умови, притоа ризикувајќи го сопствениот живот. Во првата епизода, детективите тргнуваат во потрага по убиецот на некоја жена, чиј костур е најден во една шума во Копенхаген.

 

Улогите ги толкуваат Лаура Бах, Јакоб Седергрен, Ларс Микелсен, Карстен Бјорнлуд и др.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!