На вчерашното претставување на жирито и водителите на Икс Фактор во Белград, единствен неприсутен беше популарниот Жељко Јоксимовиќ. Тој иако изјави дека нема да се појави на финалето на првата сезона и дека никогаш нема да се врати во втората сезона поради неисплатениот хонорар, односно дека еднаш му било доста, сепак ја прифатил поканата повторно да биде жири и во новата сезона.
Минатата година имавме можност да го видиме дека на крајот од сезоната на човекот едноставно не му се работи и дека е таму само колку да биде присутен и нормално беше најголемата ѕвезда во однос на другите.
Оваа година за разлика од минатата година Тончи Хуљиќ има повеќе хитови од него како композитор, а Масимо Савиќ е миленик на повеќе генерации во бившата Југославија, како Жељко ќе се справи да биде со попопуларни од него останува да видиме.
Со самото вчерашно не појавување на прес конференцијата во Белград, иако останатите патувале од Сплит и Загреб за да бидат присутни покажа само дека нему во овој момент му е важно да биде повторно на Евровизија, бидејќи тој е композиторот на песната на Кнез за Црна Гора. А според неофицијални информации тој вчера бил отустен токму поради обрвски кон црногорската делегација или некоја деловна вечера поврзана со Евровизија, со што ја докажа својата непосветеност на овој проект. Од друга страна Александра Ковач е уметник која е целосно непозната за пошироката јавност во Македонија и во Хрватска.