Почетна / Телевизија / Нов телевизиски проект | Како Ацев и Херватин ќе го стресат Балканот?

Нов телевизиски проект | Како Ацев и Херватин ќе го стресат Балканот?

 

Откако ја промени адресата на живеење од Скопје во Загреб, Р. Хрватска поранешниот новинар и водител во „Екстра ексклузив“, „24 Ексклузив“ и автор на „Кралеви на успехот“, Пеце Ацев продолжува цврсто да ја гради својата телевизиска кариера на Балканот.

 

Откако ја промени адресата на живеење од Скопје во Загреб, Р. Хрватска поранешниот новинар и водител во „Екстра ексклузив“, „24 Ексклузив“ и автор на „Кралеви на успехот“, Пеце Ацев продолжува цврсто да ја гради својата телевизиска кариера на Балканот.

 

 

Ацев јавноста го запозна преку гореспоменатите емисии, а пред три месеци се дозна и информацијата дека неговиот последен телевизиски проект „Кралеви на успехот“ се подготвува за хрватскиот пазар. Иако името на телевизијата каде ќе се емитува овој проект сеуште е тајна, Пеце преку својот Фејсбук профил со фотографија порача: „Ќе се тресе Балканот!“

 

 

И не би било ништо чудно и интересно во ова ако на фотографијата не се наоѓа и добропознатиот, а според многумина најексклузивен новинар во овој регион Ненад Херватин. Македонија го памти Херватин како еден од главните новинари на пионерската ексклузивна емисија на Балканот „Red Carpet“ која се емитуваше на телевизија Нова (Nova TV). 

И додека Пеце во својата емисија ги имаше директорите на светските брендови и корпорации како Nokia, Coca Cola, Airbus, Heineken и други, пред објективот на Херватин се нашле ѕвезди како Ричард Гир, Моника Белучи, Парис Хилтон и Анџелина Џоли. А кога ќе се спојат светскиот бизнис со кремот од светската сцена би можеле да веруваме во она што Пеце и Ненад го порачаа на Фејсбук: „Prodrmat će se Balkan!“

 

 

Денеска стапивме во контакт со двајцата новинари и водители, но она што го добивме како информација е дека се наоѓаат на снимање на промотивниот материјал. Повеќе од очигледно е дека нешто се “крчка“ во медиумскиот простор на релација Македонија – Хрватска со оглед на тоа дека во коментарите беа споменати и вклучени македонските пејачки Наде Талевска и Андријана Јаневска, а ние сме среќни што во средина на сето тоа имаме и наш претставник. Нека им е со среќа на Пеце и Ненад новиот телевизиски предизвик и се надеваме дека ќе рушат табуа и граници во медиумите како она што го гледавме во Red Carpet.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!