Беше мрачна и бурна ноќ. Секавици и громотевици ја претвараа ноќта во ден, додека Росанхелика седеше кај прозорецот прашувајки се каде е Вадо. Погледна во вереникиот престен кој и го дари претходната ноќ и благо се насмевна.
– Каде си, Еверардо? Зошто те нам цел ден?
Слушна благо торпање на вратата. Беше нејзината дадилка и домарка Филомена, која и носеше чаша млеко пред спиење.
– Зошто е тажно моето девојче?
– Ах, нана, дали љубовта е секогаш вака тешка?
– Што ја мачи мојата принцеза?
– Тате сеуште одбива да го прифати Еверардо како мој вереник.
– Дон Мелчор е можеби горд човек, но го има најмекото срце на светот и ти го знаеш тоа Росанхелика. Господинот го сака само најдоброто за тебе.
– Вадо е најдоброто нешто кое и се случило, нана.
– Сигурна сум дека нештата ќе си дојдат на свое место. Твоите проблеми се ништо во врска со она што и се случи на мојата кумашинка сношти.
– Што се случило, нана?
– Мажот и ја оставил со две малолетни деца и заминал во Европа, без збогум замсили. И оставил само проштално писмо. Кутрата Сагарио, сега е оставена да биде и мајка и татко на тие дечиња…
Телото на младата Магдалена се тресеше од страв гледајки го непознатиот маж пред себе. Беше сигурно десетина години постар од неа. Со јасно изразени црти на лицето и цврсто тело.
– Не плаши се, – и рече земајки и ги усните диво, скоро животински додека го расоблекуваше платненото фустанче кое таа го носеше.
– Јас, јас…- пелтечеше девојката. – Никогаш не сум имала односи претходно.
– Го знам тоа. Затоа и вечерашнава посета ја плати поскапо од обично.
Вадо ја турна девојката на креветот и ја раскопча својата кошула. Почна да ја љуби по вратот кон градите. Телото на Магдалена грчевито се тресеше. Во еден момент тој ја погледна во очи и рече;
– Не плаши се. Само опушти се. Ќе ти биде убаво.
Магдалена се обиде да го послуша неговиот совет. Додека неговиот јазик минуваше по нејзините препони, девојката слушаше како срцето се побавно и отчукува. Со рацете ги грабна чаршафите кога тој со својата машкост продре во неа и ја направи жена. Кристална солза лизна од десното око на девојката.
Следното утро, Леонарда се врати во својата соба која ја делеше со Магдалена. Ја затекна својата цимерка стуткана на креветот како гледа во празно.
– Слушнав дека си му оставила силен впечаток на Еверардо Фалкон, Магдалена. Лично побара од госпоѓа Буве да му бидеш лична клиентка. Ти беше убаво?
– Се чувствувам валкано, – призна девојката. – Во манастирот не учеа…
– Заборави на манастирот, девојко! Ова е ралноста. Ова е животот. Колку побрзо се соочиш со него, толку подобро за тебе. Повеќе не се опкружена со ѕидините на кои висат светци и икони. Ова е јавна куќа каде што мажите плаќаат за задоволство со нас.
– Сакав да речам…Еверардо беше груб на почетокот, но подоцна стана нежен. Знаеш, ги има најубавите очи кои некогаш сум ги видела кај некого.
– Девојко, па ти си се вљубила во Еверардо.
– Тој е првиот маж со кој сум била…Првиот кој ме допрел, бакнал…
– Нема ништо лошо да се биде вљубена. Но, внимавај, Еверардо Фалкон не е човек во кого треба да си вљубена. Тој човек е ѓавол, сестро.
Часовите се претвараа во денови, деновите во недели, неделите во месеци. Магдалена полека се учеше на животот во борделот. Пет недели од нејзиното доаѓање во куќата на госпоѓа Буве сфати дека нешто се менува во нејзиното тело.
– Бремена си?, – шокирано извика госпоѓата Буве кога Магдалена и ја соопшти вестта.
– Не бев сигурна до сношти, но бев на лекар.
– Ова е недозволено! Знаев дека требаше да ти ставам спирала веднаш штом те донесов тука! Лакома девојка како тебе…
– Нема да ги трпам вашите навреди, госпоѓо Буве! Не очекувам никаква одговорност од вас.
– Колку поскоро сфатиш дека си во моја сопственост, толку полесно за тебе, неблагодарна девојко. Те купив од онаа калуѓерка за големи пари а ни третина не добив назад со твоите услуги. Кој е таткото?
– Единствениот човек со кој бев овој месец…Еверардо.
Госпоѓа Буве се сети дека Магдалена и немала односи со друг маж откако Вадо лично побара девојката да биде негова единствена клиентка. Доаѓаше два до три пати во неделата и ги минуваше ноќите со неа во собата. Од девојките наслушна дека Магдалена е вљубена во него, но одбиваше да зборови за емоции со своите куртизани како што милуваше да ги нарече.
– Оди во својата соба додека не смислам што со тебе!
Два дена подоцна, Буве го извести Еверардо за сотојбата во која се наоѓаше нејзината девојка.
– Бремена? Магдалена чека мое дете?
– Ќе постоеше место за сомнеж дека е од друг, но по твое барање, Магдалена беше твоја ексклузивка од нејзиното доаѓање во борделот. Со сигурност детето е твое.
– Не можам да имам дете со една курва!, – процеди Вадо. – Верен су со друга. Тоа копиле само може да ми ги уништи плановите. Што можеш да сториш за Магдалена да го загуби тоа дете?
– Познавам една врачарка, – одговори госпоѓа Буве по кратко размислување. – Може да го убие полодот за добра сума пари.
– Подготвен сум да платам било колку, само да го снема тоа копиле од патот!
Следното утро, локалната мештанка и врачарка ја посети куќата на Буве. Госпоѓа Буве ја прелажа Магдалена дека старицата е жена која ќе провери нејзината бременост. На девојката и беше даден чај од миризливи треви и по кратко почувствува како и се затвараат очите. Се разбуди два часа подоцна. Крај неа во собата стоеше госпоѓа Буве со Еверардо. Се чувствуваше изнемоштено и слабо. Посегна по чашата со вода до креветот кога забележа локва крв на својата ноќница.
– Што се случило овде?, – праша со суво грло.
– Го сторивме неопходното, девојко. Се ослободивме од тој несакан плод кој го носеше во својата утроба.
Ваквите зборови како ехо одекнаа во веќе мамурната глава на Магдалена. Се фати за стомакот кој грчевиот ја болеше. Погледна пред себе со очи полни солзи. Вадо цинично се смееше приоѓајки и.
– Мислеше дека ќе ме насамриш со дете? Мислеше дека ќе ме врзеш за себе? Мислеше дека ќе те изнесам од овој бордел и ќе те направам моја сопруга? Што мислеше во таа глава, Магдалена?
– Јас…- девојката не знаеше што да одговори. – Моето дете. Ми го убивте! Моето дете, – грчевиот плачеше викајки на сиот глас.
– Остави ја да дојде при себе, – госпоѓа Буве му рече на Еверардо и двајцата ја напуштија собата. Ја заклучи вратата за да не може да излегува. Магдалена стана од креветот и полека пријде до вратата. Кога забележа дека е заклучена, клекна на подот и почна гласно да плаче. Плачеше додека не ја предаде силата и заспа на подот.
Кога се разбуди беше поминато полноќ. Чувствуваше силна вртоглавица и гадење. Но и покрај својата слаба телесна состојба, со бистар ум беше уверена дека нема ни ден повеќе да остане во таа куќа. Немаше пари со себе, бидејки трансакциите одеа директно кај госпоѓа Буве. Го облече платненото фустанче и го товори прозорецот од собата. Ноќта беше свежа и влажна. Собата се наоѓаше на вториот кат од куќата, но успеа да слезе до долу придржувајки се за олукот. Како девојче ги искачуваше и највисоките дрвја во градинаа на манастирот. Калуѓерките често ја бараа насекаде додека им се криеше на највисоките гранки. Кој би рекол дека тие спсобности еден ден ќе и се најдат за да побегне од сопствената судбина?
За кратко се најде во градината. Беше прегладнета и слаба, но едно беше сигурна. Дека никогаш повеќе нема да се врати на тоа место.
Од прозорците на салонот доаѓаше жагор, светлина и мелодија од пијаното на кое свиреше Буве. Како се одалечуваше од куќата, така мелодијата стануваше се послаба и понечујна…
Следното утро, Росанхелика и нејзината дадилка Филомена се упатија кон кројачот во малото место. Девојката имаше оставено материјали за шиење, па утрото имаше договорено да и земат мерки. Додека двете жени, расприкажани чекореа по патеката преку шумата кај мочуриштето, Росанхелика забележа една девојка легната покрај трските со рацете завиени околу главата.
– Нана, погледни, – и рече на дадилката. – Дали е добро?
– Погледни колку е бледа, кутрата. Сигурно ја минала ноќта на отворено.
Росанхелика пријде до девојката и нежно ја потресе за раката. Магдалена ги отвори очите. Најпрво исплашено дека можеби е најдена од Буве. Но ликот на девојката која стоеше пред неа беше како ангел.
– Дали сте добро?, – слушна нежен глас.
Росанхелика ја доведе Магдалена во вилата на својот татко. Откако ја нахранија и избањаа, Росанхелика и даде своја облека во замена за раскинатото и водено фустанче кое го носеше.
– Ви благодарам, госпоѓице, – се заблагодари девојката.
– Нема на што. Но, како дојдовте до тука? Имате ли фамилија? Дом?
– Немам никој. Никој што би ме барал, – одговори.
Росанхелика со натажени очи погледна во својата дадилка.
– Ние ќе ти помогнеме. Можеш да останеш тука колку што сакаш, – Росанхелика и рече на девојката со милозлив глас.
Во тој миг на вратата се појави собарката. Затропа два пати пред да влезе во собата.
– Кажи, Мистика.
– Госпоѓице Росанхелика. Во холот ве чека вашиот вереник, Еверардо Фалкон!
Еверардо Фалкон! Името одекна како ехо во главата на Магдалена. Еверардо Фалкон, името на ѓаволот кој никогаш нема да го заборави. Еверардо Фалкон е вереник на добата госпоѓица која и помогна и и даде засолниште.
Продолжува…