Минатогодишните учесници на „Х Фактор“ никако да го смират бесот поради одлуката на продуцентите да се избришат сите нивни настапи од видео мрежата YouTube. Прва почна Фифи, по неа без влакно на јазик продолжи Харис, а следна е малата Илма. Таа им порачува на сите да не се пријавуваат во новата сезона доколку не сакаат нивните соништа целосно да се срушат. После сево ова што го прочитавме деновиве изгледа дека проектот „Х Фактор“ претставува задовоство само за телевизиските гледачи. Подолу можете да го прочитате целиот статус. Кој е следен и што ново има да ни открие?