Почетна / Серии / Крими драмата “Волшебен град” од утре во 21:25 часот на МТВ 1

Крими драмата “Волшебен град” од утре во 21:25 часот на МТВ 1

 

Нова серија од понеделник до петок во 21:25 часот на МТВ 1

 

Од утре (петок), на местото од тинејџерската серија “Озборувачка” започнува нова драма на Македонската телевизија. Се работи за “Волшебен град” (Magic city), американска крими серија снимена во 2012 и 2013 година со вкупно 16 епизоди. Во продолжение, информирајте се за содржината на серијата.

 

 

Мајами Бич, 1958 година. Додека Ајк Еванс го слави доаѓањето на Нова година во својот луксузен хотел „Мирамар Плаја“, Хавана паѓа во рацете на бунтовниците на Кастро. Следува бурен период за Мајами, кој сега е центар на сите турбулентни настани. Семејството Кенеди, мафијата и ЦИА ги држат овде работите под контрола, додека Ајк е ѕвезда на својот хотел. Но се си има своја цена. За да го оствари својот сон, тој му ја „продава” душата на мафијашкиот бос, Бен Дајмонд. Жена му на Ајк, поранешната танчарка Вера и нивните три деца мислат дека тој е чесен човек, а Ајк не може да го раскине договорот со ѓаволот. Во меѓувреме Стиви, синот на Ајк почнува врска со Лили, без да знае дека таа е новата сопруга на мафијашот Бен Дајмонд.

 

 

Животот на Ајк е само фасада. Во Мирамар Плаја ништо не е онака како што изгледа. Во текот на денот гостите уживаат во претстави од кловновски скокови во вода и во звуци на латино музиката, а навечер проститутките имаат тајни состаноци со женети мажи во семејните куќички.

Додека светот на Ајк е во опасност да се сруши, тој се бори за семејството во овој волшебен град, Мирамар Плаја.

 

 

Режијата е на Карл Френклин, а во главните улоги настапуваат Џефри Дин Морган, Олга Кириленко, Дени Хјустон, Стивен Стрејт.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!