Во вилата на дон Вадо, каде што се врати на местото готвачка, Саграрио разговараше со Хосефина, која беше наклонета кон готвачкта од првиот ден.
– Госпоѓа Ребека има цел ден силна главоболка, – рече Хосефина кога слезе во кујната со чаша вода во едната рака и постелнина за перење во другата.
– Кутрата госпоѓа, – забележа Саграрио дроберјки го кромидот за тамале-то кое го готвеше. – Дон Вадо е престог со неа. Како да не се брат и сестра.
– Отсекогаш нивниот однос бил чуден. Дон Вадо никогаш не и простил на госпоѓа Ребека што се омажила за никој и ништо, како таткото на госпоѓица Дамијана. Одам да ја однесам постелнината на инжењерот за перење, Саграрио.
– Тоа е постелнината на младиот Ектор?, – нежно праша готвачката, разнежнувајки се. – Младиот Ектор е толку убав. Толку образован. Се е убаво на него очите, рацете…
– Ако Мистика чуе дека го нарекуваш инжењрот по име, тешко тебе, Саграрио. Мхм.
Откако Хосефина замина кон пералната, Саграрио ги изми рацете од чешмата и кришум се качи во собата на Ектор. Таму каде што спиеше нејзиниот постар син. Ја затвори вратата за да не ја забележи некој и почна да разгледува. Сама во неговата соба можеше да биде со него во мислите, да го почувствува неговиот мирис, да ги допре алиштата кои тој ги носеше, пижамите, перниците на кои спиеше…
– Алиштата ти мирисаат отмено, како што си и ти, синко, – со солзи во очите помисли Саграрио. – Тука сум само да бидам близу до тебе.
Во размислувањата ја прекина строгиот глас на Мистика.
– Што бараш овде, Саграрио? Крадеш од собата на инжењерот?
– Не, не, госпоѓице Мистика…
– Тогаш што бараш?
– Видов како Хосефина ја менува постелнината, па сакав да и помогнам.
– Не лажи, Саграрио! Сигурно си дошла да украдеш некоја пара или нешто накит. Ги познавам таквите како тебе. Минале дузина низ моиве раце во оваа куќа.
– Не, госпоѓице Мистика, јас не сум способна за нешто такво, – се бранеше готвачката. – Никогаш во животот ништо не сум украла.
– Лажеш! Крадачке! Ќе те пријавам кај дон Вадо.
– Што се случува овде? Каква е оваа врева?, – праша Ребека, влегувајки во собата.
– Оваа жена овде, готвачката Саграрио ја најдов како претурува по работите на инжењерот Ектор. Сигурно имала намера да краде.
– Не е точно. Ве молам не и верувајте госпоѓо Ребека. Како што и кажав и на Мистика дојдов само да и помогнам на девојката да ја смени постелнината.
– Твоето место е во кујната, не во спалните, – и повтори Мистика.
– Отсега ќе знам, госпоѓице. Слободно проверете ме кога ќе излезам. Се колнам во мојот син дека не сум украла.
– Таквите како тебе знаат да изнеса пари и накит на недостапни места.
– Доста, Мистика!, – извика Ребека. – Остави ја кутрата жена. Ајде, двете назад на работа.
Вадо Фалкон не беше случајно Крал на златото, како што го нарекуваа во околината. Беше лукав и валкан играч и добро знаеше да ги процени таквите како него. Кога Антолин Варгас му ги предаде документите за експлозијата во топилницата, Вадо задоволно погледна во еден од своите штитеници.
– Секогаш способен и на време, Антолин. Значи, конечно имаме виновник за експлозијата во која погина Мелчор Рентеира.
– Ништо изненадувачко, дон Вадо, – продолжи младиот самобендисан адвокат. – Само еден човек е виновен за експлозијата. Тристан Фуего! Дамијана беше во право. Го проверив секој детал. Вашата внука нема никаква одговорност.
– Дали си 100 проценти сигурен, Антолин?, – скептично го праша дон Вадо.
– Доказите се во ваши раце, дон Вадо. Мелчор Рентеира му беше соучесник на Тристан Фуего. Трситан се вработи во рудникот преку него. Желен да ја саботира топилницата поради нерешени сметки од минатото, Мелчор во соработка со Тристан Фуего долго ја договарале саботажата во која што како жртва падна старецот.
– Ги знам нерешените сметки на старецот, – замислено рече дон Вадо. – Старецот сакаше да ми се одмазди за долгите години минати во затвор.
– Очигледно неговите нерешени сметки сака да ги разреши неговиот штитеник, Тристан Фуего.
– Штом е така, мораме да го елиминираме тој Тристан Фуего, – заклучи дон Вадо. – Со елиминација на Тристан и минатото ќе остане онаму каде што треба да биде…во минатото.
– Извинете на дрскоста, дон Вадо…но која е приказната на Мелчор Рентеира?
Дон вадо стана од своето биро. Запали пура и гледајки кон прозорецот почна да зборува;
– Мелчор Рентеира беше осуден на дваесет години затвор. Цело Малиналко ја знае неговата приказна. Беше осуден за смртта на повеќе од триесет рудари откако наредил да се минира рудникот за злато. Целиот живот Мелчор сакаше мене да ме обвини за смртта на Роса Кара, неговата ќерка единица. Затоа дури и по неговата смрт остави двајца сојузници кој сакаат да ми се одмаздат.
– Тристан Фуего и..?
– Магдалена Ромеро, – одговори дон Вадо. – Големата љубов на Мелчор Рентеира. Магдалена ја пушти својата ќерка Јулиса да работи во рудникот за да биде близу мене и да ја одмазди смртта на својот љубовник, Мелчор. Но, за Јулиса го задолжив Ектор. Ти и Ектор сте луѓето во кои имам најмногу доверба, Антолин. Се надевам дека никогаш нема да ме разочарате.
Антолин Варгас, сирак од дом кој до својата осумнаесета година немаше ништо во животот, по вработувањето во рудникот за злато му се промени субината. Дон Вадо го забележа неговиот капацитет и остар ум и го зеде под своја закрила, правејки го свој штитеник. Го образоваше во најскапите колеџи во Америка за сега да биде еден од најдобро платените адвокати. Антолин никогаш не го заборави тоа.
– Знаете дека за мене, вие сте како мој татко дон Вадо. Секогаш можете да сметате на мојата верност.
– Верноста е злато, а златото е највредното нешто на светот, – Вадо го гледаше директно во очи својот штитеник. – Немој да дозволиш ништо да го промени моето мислење за тебе, Антолин, бидејки ако еден ден се завртиш против мене, ќе се вратиш онаму од каде што те земав.
Роки и Рене загубија на коњските трки и сите пари кои ги вложија во истие. Единствено што им остана е да ја утопат својата тага во алкохол во кантината, со малкуте пари кои им останаа.
– Мојот син е ангел кој го сакам најмногу на светот. Кога дознав дека боледува од хронична астма, си ветив дека ќе направам се за секогаш да има обезбедено лекасртва. Поради тебе, сега загубив се што имам, Роки, – кукаше Рене полнејки нова чашка со текила.
– Ти ветувам дека ќе ти ги вратам парите, брате. Ја знам твојата тешка положба и нема да дозволам онаа хиена да ти ги одземе правата над синот. Слушај ме другар, – го тешеше Роки. – Не е се загубено. Ќе зборувам со Енграсија. Таа има заштеда. Нема да ме одбие, бидејки знам дека длабоко чувствува силна наклонетост кон мене. Уште оваа чашка и одиме.
Малиот Хосе Фрихол беше прираснат во срцето на сите жени од пансионот на Магдалена. Момчето кое живееше со мајка која работеше за богата фамилија во градот и скоро никогаш не беше дома, поголемиот дел од времето го минуваше во пансионот. И помагаше на Магдалена при купување намирници или средување на дворот. Тоа пладне, заедно со Јулиса, Кристела, Индалесија и Енграсија ја прекречуваа фасадата на куќата, кога до жените и детето допреа маријачи звуци. Штом се завртеа го забележаа Роки со маријачи бенд и својот пријател Рене, како ја изведуваат Besame mucho.
– Eнграсија, ти ја посветувам оваа песна, – одвај стоејки на нозе изјави Роки.
Девојките кои го сметаа ваквиот гест за крајно романтичен ја тераа Енграсија да слезе од скелето на кое стоеа и да ја прифати песната.
– Одвај стоиш на нозе, Роки. Иако си ми далеку, до тука можам да го почувствувам мирисот на алкохол. Јас не сум жена на која и треба пијаница, – горделиво му дофрли.
– Прости ми, Енграсија. Како можам да допрам до тебе?
– Никако. Те молам оди си и не враќај се.
– Енграсија, љубов моја, те молам не ми вели не…, – Роки полека приоѓаше до саканата која стоеше на скеле високо неколку метри.
– Ни чекор повеќе, Роки Санторо. Да не си се осмелил…
Но Роки како да не ја слушаше. Почна да се качува по скелето, кога Енграсија ја зеде кофата со вар и ја истури врз главата на Роки.
Девојките и Рене гласно се смееа, додека Енграсија бесно му дофрли;
– Ова нека те научи на памет, Роки, дека не сакам ништо со тебе!
Кога Саграрио се врати дома по работа, знаеше дека ќе ја чека разговор со својот помал син Тристан. Тој стана од фотељата пред телевизорот каде што пиеше пиво и погледна во својата мајка.
– Каде беше, мамо?
– Јас…завршував некои обврски…, – пелтечеше Саграрио. – Немав време да подготвам вечера.
– Остави го тоа, мамо. Погледни ме во очи и кажи ми што криеш.
– Не кријам ништо, синко. Почнав да работам за една фамилија, тоа е се.
– Мислам дека се договоривме дека јас ќе бидам оној што ќе те издржува тебе и оваа куќа?!
– Синко мој, – Саграрио го помилува по лицето. – Не можеш се да правиш сам. Знаеш дека должиме рата за куќата на банката. Ако не платиме до крајот на неделата ќе не истераат. Работеше напорно за оваа куќа и се што имаме. Не сакам да останеш без ништо.
– Не грижи се, стара. Јас ќе најдам пари, – рече Тристан и посегна по својата кожна јакна.
– Каде одиш?
– Да ја видам мојата девојка.
– Девојка? Не знаев дека имаш девојка синко.
– Од скоро. Не си единствената која има тајни во оваа куќа, – и префрли остро и ја напушти куќата.
Саграрио со солзи во очите седна на троседот. Кога само Тристан би разбрал. Погледна на комодата каде што стоеше врамената слика од нејзините два сина. На сликата, Сантијаго имаше тринаесет години а Тристан единаесет. Сантијаго беше црн на неа, а Тристан светол и со плави очи на неговиот таттко. Беа толку различни а сепак толку горделиви и слични.
Откако Роки и Рене заминаа со маријачи бендот, девојките прдолжија со својата работа пред да се стемни. Магдалена која ја имаше веќе подготвено вечерата, ги замоли да ја остават работата за следниот ден и да влезат внатре да вечераат. Но, девојките сакаа да го довршат кречењето бидејки им остана само малце. Одеднаш, скелето на кое стоеа Јулиса и Индалесија попушти. Металните држачи пуштија и двете девојки паднаа од голема висина, поклопени под тешкото скеле.
– Јулиса!, – болно крикна Магдалена приоѓајки им.